Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Да живееш во минатото е порок

Ние луѓето имаме една посебна потреба. Сакаме да го идеализираме минатото. Понекогаш толку силно, што забораваме да живееме во сегашноста или поточно – во реалноста.

Бидејќи, кога си вљубен во вчера, тоа е чисто бегство од реалноста. Всушност, тоа не е секогаш лошо. Кога си тажен, не постои подобар начин да се насмевнеш од оној да разбудиш убав спомен од минатото.

Но, претворајќи се во спомени, случки, луѓето, емоциите имаат уникатна способност да стануваат и попривлечни.

Проблемот е во тоа да почнеш да ја доживуваш сегашноста преку минатото. Еден од наједноставните примери за ова се несреќните врски.

Се е веќе завршено, луѓето се менуваат, исцрпиле се еден за друг, нема љубов, понекогаш нема дури ни пријателство…останати се само навиката и споменот дека пред, тој беше таков, таа била таква, а двајцата биле како две половини на една целина.

И сега? Сега веќе ништо не е исто. Сме го гледале тоа во празните погледи кои си ги разменувале нашите родители. Ако погледнеме добро, ќе може да го видиме тоа и во нашите врски, кои одамна едноставно не постојат.

Страв од осаменоста ли е тоа или проклетиот човечки нагон да имаш се како по рецепт – идеален партенр, совршено семејство, идеален живот…

Или пак треба да го наречеме фикс идеја? Како историјата на една пријателчка која со години оди на гости кај поранешниот дечко. И влегувајќи во неговата соба, што гледа? Себе! Насекаде – на ѕидовите, по ормарите и полиците. Секаде е полн само со нејзини фотографии.

Па, да – тоа е патолошки случај. Чиста лудост! Но не е ли лудост да се откажеш од тоа да живееш овде и сега?

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement