Колку и неверојатно да ви звучи, боите имаат големо влијание врз детското расположение, здравје и навики.
Боите влијаат врз жлездите со внатрешно лачење кои го диктираат хормоналниот баланс во организмот.
Црвената боја е бојата на силата и власта. Оваа боја стимулира физичка и психичка енергија, дава храброст, упорност и континуитет. Го зголемува тонусот на нервниот систем, сетилата и црниот дроб. Ако вашето дете е флегматично и без иницијатива, заобиколете го со црвена боја – облека, мебел, аксесоари. За него е соодветно црвено овошје.
Сината боја е спротивно од она што е црвената. Оваа боја ја смирува болката, го успорува пулсот, помага при болести – ја намалува високата температура, зошто потсеќа за допир со вода. Ако детето има проблеми со сонот, заобиколете го со нежна сина боја – постелнината, пижамите. Обојте ја неговата соба во таа боја. Добра комбинација во ваков случај е сино и зелено, бидејќи зелената боја смирува и релаксира.
Портокаловата е бојата што се поврзува со енергија. Таа потикнува кон задлабочено мислење и концентрација, кон самоконтрола и уравнотеженост. Ако вашето дете се спрема за писмена работа или испрашување, ова е неговата боја во моментот. Освен тоа портокаловата боја го подобрува варењето на храната и активноста на штитната жлезда, полезна е за деца со астма и други респираторни проблеми. Ако детето нема апетит сервирајте во портокалови чинии или поставете портокалов чаршаф на масата.
Жолтата боја е симбол на духовното, мислата, интелектот, срдечноста. Ова боја е соодветна за плашливи, нестабилни деца со ниска самодоверба. Помогнете му на плашливото дете и дајте му оптимизам со тоа што ќе го заобиколите со жолта боја – чаши, играчки, книги, облека, тапети, мебел и сл.
Зелената е бојата на природата и затоа опушта максимално. Влијае благопријатно врз растежот на децата, предизвикува смирение, надеж, здравје и љубов. Ги смирува нервите и помага да се надминат стравовите. Се препорачува за нервозни и немирни деца. Ако вашето дете интуитивно избира зелени нијанси, бидете внимателни, нешто го вознемирува и тоа подсвесно бара помош.
Вилетовата е бојата на ноќта, мистиката, духовноста. Децата што ја сакаат оваа боја се карактеризираат со богат внатрешен живот, креативност и голема емотивност. Лесно потпаѓаат на надворешни влијанија и мисли, лесно се вознемируваат. Ако вашето дете ја сака оваа боја, значи повеќе од другите има потреба од внимание, подршка и покажана љубов.
Темните бои обично се симбол за болести, стравови, безнадежност и не се за деца.

You must be logged in to post a comment Login