Работите доста се менуваат кога ќе станете мајка. Вашето тело, рутината на спиење, а да не ги споменуваме и финансиите. Факт е дека никогаш нема да бидете онаа истата од порано. Па, мајки, запознајте ја новата во вас.
1. Не ги осудувате другите родители
Се сеќавате кога им упатувавте убиствени погледи на родителите чии деца се растрчуваа низ продавница? Па, сега кога ги искусивте неуспешните обиди да го спречите вашето дете да писка и да трча низ ресторанот во кој ручавте, веројатно се чувствувате виновни што воопшто некогаш сте ги осудувале останатите родители.
2. Повторно се радувате на обичаите
Ако бевте од оние жени кои велат, „Јас не практикувам да се маскирам за 1-ви април.“, работите се менуваат кога имате деца. Наеднаш не можете да го дочекате моментот да ги облечете вашите деца во слатки костуми – и тоа е во ред. На крајот на краиштата, нивната среќа е и ваша среќа.
3. Долго туширање… Што е тоа?
Релаксирачкото туширање на почетокот на денот е веќе минато за вас. Всушност, се радувате доколку имате 5 минути останати за вас.
4. Вашите деца можат лесно да ви ги повредат чувствата
Децата сакаат да бидат одгледани од страна на родителите и да им се посветува целото внимание на свет. Но, понекогаш тие знаат да бидат злобни и тогаш се прашувате дали сте родиле мало демонче.
5. 15- минутното доцнење на средбите со пријателките значи дека сте дојдени на време
Доколку ви се налутат што доцните, едноставно вратете им со „јас сум мајка“, тие ќе ве разберат.
6. Уморни сте цело време
Често се прашувате како сѐ уште сте будни и функционирате.
7. Секое бебе е нечиво бебе
…и тоа ве прави уште посочувствителни и пољубезни со луѓето околу вас.
8. Навистина разбирате што значи безусловна љубов
Ги сакате вашите деца дури иако не се онакви како што сте очекувале да бидат. Им ја давате сета љубов на светот, а не барате ништо за возврат.

You must be logged in to post a comment Login