Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Зошто на жените им е тешко да доживеат оргазам?

Неодамна е откриено што се случува во телото и мозокот за време на оргазам. Научниците откриле многу позитивни работи за здравјето. Откриено е дека оргазмот го намалува стресот, болката и депресијата, додека една студија дошла и до заклучок дека колку повеќе оргазми имате толку подолго ќе живеете.

Сепак, секоја трета жена вели дека во текот на сексот доживува еден оргазам, додека секоја десетта жена никогаш не доживеала оргазам. Зошто им е тешко на толку жени да доживеат оргазам? Експертите откриваат нови заклучоци:

Контрацепција

Парадоксално, но контрацепцијата ја намалува возбудата. Минатогодишната студија на Универзитетот во Индијана проучувала 1.100 жени и открила дека жените кои земаат контрацепција имаат помалку оргазми, помалку се возбудуваат за време на сексот и имаат секс поретко од оние кои не се на контрацепција.

Мултитаскинг

Скенирање на мозокот покажало слична појава. Во една холандска студија откриени се области на мозокот кои се исклучуваат за време на секс. Се деактивира предфронталниот кортекс, област од мозокот која е одговорна за самоконтрола, па ни овозможува да се возбудиме и да не посветуваме внимание на ништо околу себе. Сексуалната возбуда го намалува чувството на страв. Затоа грижите го прават оргазмот тежок да се доживее, особено кај жените. Мажите побрзо се возбудуваат од жените, а на жените може да им го оттргне вниманието и најмала работа.

Антидепресиви

Антидепресивите и антипсихотиците го саботираат оргазмот. Најчесто препишуваните антидепресиви делуваат со што го зголемуваат нивото на хормонот серотонин во мозокот. А серотонинот го спречува делувањето на допаминот, мозочна хемикалија значајна за возбудување. Серотонинот ја намалува и чувствителноста на нервите и го намалува нивото на азот-моноксид, а за него се верува дека помага во ширење на крвните садови и протокот на крв во гениталиите.

Гени

Едно британско истражување од 2005 опфатило 4000 жени и дошло до заклучок дека тоа дали жената ќе доживее оргазам или не во голем дел зависи од нејзините гени. Истражувачите претпоставуваат дека женскиот оргазам има биолошка функција – ако мажот не е способен да ја доведе жената до оргазам, можеби нема да се покаже и во други работи.

Лоша циркулација

Познато е дека проблемите со ерекцјата се поврзани со послаба циркулација, а некои експерти мислат дека тоа би можело да биде причина и за проблемите со оргазмот кај жената. Изледа дека, и клиторисот, исто како и пенсиот, има потреба од добар проток на крв. Иако не постојат силни докази, многу експерти велат дека женската сексуалност зависи и од многу психолошки фактори. Но, ако оваа теорија се докаже, може да има влијание на сексуалните леков и здравјето на срцето. Импотенцијата кај мажите можеда биде знак за срцева болест.

Погрешен партнер

Многу експерти велат дека жените најчесто се борат со оргазмот поради недостаток на знаење.

– Жените мораат да го познаваат своето тело за да доживеат оргазам. Многу жени и многу мажи не знаат многу работи за клиторисот и мислат дека оргазмот ќе дојде сам од себе за време на односот. Затоа не е невообичаено тоа што слушаме дека жената дури во педесетата доживеала оргазам за прв пат – вели доктор Грејам.

53396_profimedia0056808198_630x0

Стареење

Нивото на тестостерон кај жените опаѓа со годините и затоа се смета дека бројот на оргазми значително се намалува како стареат, а интензитето е се послаб.

– Тестостеронот е всушност хормонот на оргазмот. Тоа не е единствен хормон кој е битен за оргазмот, но тој стимулира одредени важни хормони, меѓу кои и окситоцинот, кој е значаен за оргазмот. Освен тоа, тој го зголемува нивото на допамин и азот-моноксид кои го поттикнуваат крвотокот во карлицата – вели дкотор Меупин.

Дебелеење

Дебелеењето предизвикува промени во нивото на хормони кои се значајни за сексуално задоволство.

Кај дебелите луѓе се зголемува нивото на глобулин, хормон кој го намалува производството на тестостерон, па затоа оргазмите се слаби како и либидото. Освен тоа, дебелината може да предизвика кардиоваскуларни проблеми и дијабетис, поради кои протокот на крв во гениталиите е послаб, а нервните патишта можат да бидат оштетени, поради што сексуалното возбудување е послабо.

53398_profimedia0056808285_300x0

Глумење

Истражувањата покажале дека жените се чувствуваат како да вршат предавство на партнерот ако не доживеат оргазам. Затоа 70 проценти од жените признале дека одглумиле оргазам.

Сепак, научниците тврдат дека тоа не е добро. Ако еднаш одглумите оргазам, тој ќе ја повторува истата работа секој пат, мислејќи дека пронашол начин да ве доведе до кулминација. Тоа значи дека жените сами се саботираат со глумењето на оргазмот.

53399_profimedia0093440768_630x0

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement