Запознајте се со осум видови на женски оргазам. Денес ви ги претставуваме првите четри.
Познато е дека жените воглавно имаат проблем со постигнување оргазам, но малку се оние кои знаат дека припадничките на понежниот пол можат да ги доживеат, ни помалку ни пувеќе, туку на осум начини.
Оргазмот во женските кругови е скокотлива тема, со оглед дека многу дами ги мачи оваа тематика. Жената која за време на секој секс може да доживее кулминација е исклучителна реткост. Мнозинство се оние дами кои воглавно мораат да се помачат за да го достигнат или добро да го измачат партнерот.
Клиторичен оргазам
Клиторичните оргазми се најчести и обично најмоќни. На повеќето жени им треба некој вид клиторична стимулација, за да можат да доживеат оргазам. Тоа може да биде рачна или орална стимулација. Некои жени лесно се возбудуваат на нежни, меки допири по кои следуваат силни и брзи движења.на другите повеќе им одговара само нежен или само силен притисок. Прашајте ја што и се допаѓа или набљудувајте ја додека самата го прави тоа.
Имајте на ум дека повеќето жени доживуваат оргазам за време на рачна или орална стимулација на клиторисот, а не при пенетрација. Ако жената сака вагинална пенетрација додека го стимулирате нејзиниот клиторис, најприменувана позиција е кога жената е горе.
Г-точка оргазам
Д-р Беверли Випл советува вагината да ја набљудувате како часовник, при што дванаесетката е кон папокот. Г-точката обично се наоѓа помеѓу 12 и 1. За разлика од клиторисот, кој е испакнат од вагината, Г-точката лежи над вагината што го опкружува мочниот канал и тешко може да се види кога жената не е возбудена. Обидете се да ја најдете со прстот или користете посебно обликуван вибратор. За да ја стимулирате за време на пенетрација, користете ги следните положби – со грб, жената горе (свртена со грбот кон лицето на партнерот) и мажот горе (жената при оваа поза го држи нозете преку рацете или рамената на партнерот).
Вагинален оргазам
Вагиналниот е стимулиран од нервите кои се наоѓаат во пределот на карлицата. Со овој вид на оргазам, вагиналниот отвор се опушта, а матката се спушта во вагината и тогаш настанува длабок оргазам, кој се чувствува во целото тело.
Техника на коитално задоволување
Оваа техника бара исполнување на двата дела на гениталиите – клиторисот и површинате на срамната коска на дното на вашиот пенис. Машкиот сремен дел е прикриен со дебело ткиво, па тука не се само тврди коски. Ако е мажот доволно длабоко и одржува контакт помеѓу своите коски и нејзиниот клиторис, жената може да постигне оргазам со нежни таласести движења. Така го одржува контактот со нејзиниот клиторис и дополнително ја стимулира со пенетрација. Типично буткање надвор – внатре во оваа позиција не носи доволно постојан контакт со клиторисот, за дојде до оргазам кај повеќето жени.

You must be logged in to post a comment Login