Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Оргазам на копче, наскоро: Одредете сами колку и кога

И додека некои жени уживаат во мултикратни оргазми секој ден, другите се мачат да доживеат макар еден. Затоа научниците работат на машина која наводно би требало да овозможи оргазам само со притискање на копчето.

 

Откритието е веќе патентирано во Америка, но за да доживеете многу задоволства, треба да потрпите и малку облка. Машината е дизајнирана како медицински имплант и е помала од кутија цигари, но за нејзино користење е потребна операција бидејќи се користат електроди кои го активираат оргазмот.

Изумителите на оваа машина веруваат дека таа би можела да биде клучна во лечењето на жените со оргазмична дисфункција*.

maxresdefault

„Некои жени ги мешаат симптомите на сексуална возбуда, како што се забрзаната работа на срцето и потењето на дланките, со стравот“, изјави за New Scientist Џим Фаус, проучувач на неуробиологијата на сексуалното однесување од Универзитетот Конкордија во Монтреал.

И додека стандарден третман за оваа сотојба  е психотерапијата, имплантот би можел да поработи на решавањето на проблемите преку неговиот помануелен пристап.

ob_aa9d06_tumblr-mjia27egzm1rngv6to1-1280-jpg

Пациентката би требало да остане будна за време на операцијата, насочувајќи го хирургот кон точните нерви, за да ѝ се вгради имплантот на право место. Идејата е имплантот да се вклучува со помош на далечински управувач и на тој начин да овозможи оргазми само со притискање на едно копче. Тој би можел дури и да се програмира за да реализира одреден број на оргазми на неделно и дневно ниво.

Потребно е да се направат уште доста клинички истражувања и детали. Овој апарат сѐ уште не е испитан врз мажите, но хирургот кој што стои зад овој изум, Стјуарт Мелој, не гледа причина имплантот да не профункционира и кај нив.

Медицинските истражувања ќе ги спроведува компанијата Medtronic, а Мелој кажува дека апаратот е наменет за најтешките случаи на дисфункција на оргазмот бидејќи е инвазивен како и пејсмејкерите.

Според д-р Фаус, еден ден тинејџерите ќе инсистираат да го вградат овој имплант исто како што денес тоа го прават со силиконските додатоци, за да си обезбедат оргазми на дневно ниво.

1222-500x300

* Што е дисфункција на оргазмот?

Се работи за состојба кога жената не може да постигне оргазам или пак тоа се случува многу тешко, иако е сексуално возбудена. Според истражувањата, 10-15% женски испитанички никогаш не доживеале оргазам, а 33-50% се задоволни од зачестеноста на истиот. Моменталните терапии се состојат од когнитивно-бихејвиористички третман и практична едукација.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement