Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Не сте добар заводник ако не го знаете ова!

Повеќето мажи за себе мислат дека се одлични во кревет, а всушност не се ни свесни дека ништо не знаат .

 

Голем број од мажите себе си се доживуваат како вистински фраери, шмекери, заводници, наследници на Казанова… Сметаат дека знаат како да ја задоволат жената во кревет. Сепак, во најголемиот број ситуации оваа приказна не е баш добро основана. Веруваат дека научиле сѐ, а не знаат што на жената ѝ е неопходно да се опушти, да се возбуди и да ужива.

Доколку не ги знаете овие работи, време е да престанете да се убедувате себе си дека сте неодоливи. Дури тогаш кога ќе научите што сѐ треба да направите и кога ќе добиете потврда за своите “способности” од некоја припадничка од понежниот пол можете да си го додадете епитетот заводник.

 

Fotke5

 

Значењето на предиграта

Не е сѐ во пенетрацијата и доживувањето оргазам. Нема ништо лошо во брзиот секс, но и предиграта носи задоволства. Љубење, мазење, орален секс… Има толку многу да направите пред пенетрацијата и кулминацијата во сексот.

Молчењето не е злато

Нема потреба да ги премолчувате емоциите и желбите. Никој не ви ги чита мислите, па затоа најдобар начин повеќе да уживате во сексот е да комуницирате со партнерот.

Parovi029

Не е сѐ во оргазмот

Оргазмот во ниеден случај не треба да биде единствената работа која ќе ви падне на памет, ниту пак би требало да ви биде единствена цел. Опседнатоста со оргазмот создава непотребен притисок и за вас и за вашата партнерка. Обидете се да уживате и во бакнежите и во галењето. Продолжете го задоволството, не го форсирајте оргазмот.

 

Оралниот секс е многу повеќе е лижење

Многу од мажите за време на оралниот секс го прават она што го виделе во некој порно филм. Можеби тоа изгледа добро на екраните, но таквата техника не се препорачува. Секој има различни желби, вие треба да научите што вашата партнерканајмногу сака. И само праска, поточно само пракса може да доведе до совршенство.

love-sex_l

 

Паметно користете ги прстите

Пенетрацијата со помош на прстите е вообичаен дел од предиграта, но некои мажи може да се занесат, а тоа не е пожелно. Со оглед на тоа дека многумина од нив не знаат што нивната партнерка сака, се случува да ја забрзаат пенетрацијата и да не се ни малку нежни. Затоа, кога ги користите прстите, користете ги мудро и следете ја реакцијата на вашата партнерка.

 

Клиторисот на жената не е добитна гребка

Не го игнорирајте нејзиниот клиторис. Жената е поверојатно да сврши по стимулација на клиторисот, отколку после пенетрација. За многумина ова е апел да го стимулираат што повеќе клиторисот на жената за да достигне кулминација. Но внимавајте, клиторисот на жената е осетлив и преинтензивната стимулација може да биде болна. Затоа бидете внимателни со клиторисот.

Parovi019

 

Посветете внимание на нејзиното тело

Поголемиот број на мажите се фокусира на градите и вагината. Но можеби вашата партнерка сака да го бакнувате нејзиниот врат од време на време. Пуштете ја вашата фантазија, ниедна жена не сонува за предвидлив љубовник.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement