Сите имаме различни очекувања во кревет, различни фантазии, но се знае што треба да е „тврдо“, а што „меко“.
Но од грешките нема бегање. Прашање е колку (во случајов, мажите) ќе научат од своите грешки.
1. Чекаат жената да доживее оргазам – Тоа не значи дека треба постојано да ја прашувате партнерката.
2. Не чекаат жената да доживее оргазам – Некои забораваат дека „ Дамите имаат предност“.
3. Се обидуваат да ја импресионираат со мајстории во кревет – Па маратонот може многу брзо да стане досаден.
4. Се наметнуваат како доминантни – Во ред е додека имате определени улоги.
5. Премногу ги средуваат интимните делови – Сите знаеме всушност какви сме, а бразилската депилација е само тренд.
6. Воопшто не ги средуваат интимните делови – Ако чувствувате дека ѝ пречи на партнерката, најдете начин да поразговарате за тоа.
7. Вознемирени се од тоа како ќе се покажат во кревет – Ако имате трема или некаков проблем, решете го пред да почнете.
8. Сакаат да реализираат сцени од филмови – Да, во филмовите често имаат секс на необични локации и во несекојдневни пози, но не е така и во реалноста.
9. Ја прескокнуваат предиграта – Некогаш може и без предигра, но сепак не треба да се заборава.
10. Не прават ништо по сексот – За некои жени доволен е само еден убав збор и бакнеж на крајот.
11. Одбиваат да стават кондом – Познати се изговорите, но за тоа останува да одлучи девојката.
12. Загрижени се за големината на нивниот „пријател“ – Повеќе од јасно дека тоа нема никаква врска со изведбата во креветот.
13. Не внимаваат на хигиената – За миење на интимните делови потребни се неколку минути, а потоа и на двајцата ќе ви биде попријатно.
14. Премногу внимаваат на хигиената – Сексот е валкана работа. Ако не најдете некој како вас, навистина нема да ви биде пријатно.
15. Постојано зборуваат – Не занесувајте се со валканите зборови, тоа може да има и контра ефект. Можете да бидете погрешно сфатени.
16. По сексот веднаш заспиваат – Не мора да се исцрпувате за да останете будни, но што би рекол Џим Морисон, „бакнете ја уште еднаш“.
17. Претпоставуваат дека сите жени ги сакаат истите работи – Не препоставувајте дека таа ги сака истите работи како и вашата бивша, а уште полошо е да и го кажете тоа.
18. Мислат дека жестокиот секс е подобар – Да, некои жени сакаат пожесток секс, но проверете дали вашата партнерка е една од нив.
19. Очекуваат жената да знае точно како да ги задоволи – Не можеме да си ги читаме мислите, полека двајцата истражувајте.
20. Сакаат да сексот да им биде како во порно филм – Животот не е порно филм, а и не треба да биде.

You must be logged in to post a comment Login