Досега се потенцираше на непишаното правило за секс на третиот состанок, но најновото истражување што го објави Daily Mail покажа дека добар дел од жените чекаат малку подолго од тоа за да имаат секс со нов партнер.
Според резултатите, 32% од жените чекаат три недели или до петтиот состанок за да имаат секс со нов партнер.
За потребите на ова истражување биле земени предвид одговорите на над 2.000 испитаници. Ова истражување покажа дека жените се порезервирани од мажите во поглед на идејата за секс на прв состанок – 15% од жените изјавиле дека би имале секс на прв состанок во споредба со 26% од мажите.
Што се однесува пак до бакнежите, тука процентот е далеку повисок – 72% од мажите и исто толкав процент од жените одговориле дека немаат ништо против бакнеж на првиот состанок.
Но, кога станува збор за искажувањето на емоциите, мажите се оние што попрви изјавуваат љубов. Резултатите покажаа дека жените вообичаено чекаат до четвртиот месец од врската за да му кажат на партнерот дека го сакаат. Три четвртини од мажите одговориле дека први би и изјавиле љубов на партнерката, во споредба со 44% од жените.

You must be logged in to post a comment Login