Кога сте заедно со својот партнер, можеби треба да обрнете повеќе внимание на некои чекори пред самиот сексуален чин. Продолжувањето на предиграта ќе ви го подобри оргазмот, но уште поважно ќе откриете работи за телото на партнерот кои можеби не ги знаевте, а воедно ќе пронајдете нови начини како да го задоволите. Подолгата предигра ќе ве врати во деновите кога вашата љубов била во најголем ек, а со сигурност ќе се поврзете уште повеќе.
Прва фаза
Фокусирајте се на бакнувањето со јазик. Едно истражување докажало дека паровите се посреќни и помалку иритирани после бакнување, а топлиот контакт лице во лице ја зголемува циркулацијата на протеини. Француските бакнежи овозможуваат длабока конекција за многу кратко време.
Почнете со бакнеж со затворени усни додека го соблекувате неговото палто. Гризнете му ја долната усна пред да го вклучите и јазикот. Со јазикот кружете околу неговите усни, обрнувајќи повеќе внимание на ќошињата на усните.
Втора фаза
Држењето за раце додека одите на вечера е навистина слатко. Допирот е многу важен во една врска, не само на почетокот кога си ги проучувате телата.
Ако се најдете во ќошот на некој бар, кино, во такси не тргајте ја раката на партнерот ако сака да ве допре. Сепак можете да се допирате облечени. Играјте заедно прилепени еден за друг на подиум или концерт.
Трета фаза
Многу од мажите се визуелни типови и сакаат да гледаат. Дозволете му да гледа додека се соблекувате. Свлекувајте ја вашата облека полека додека го водите кон спалната.
Кога веќе сте во спалната, можеби веќе некое време имате навика да ја прескокнувате оваа фаза – која вклучува орална акција во горниот дел од телото. Мажите и жените кои имаат подолги врски сакаат нивната предигра да трае околу 18 минути.
Кажете му што сакате. Направете го сексот игра во која едниот бара, а другиот дава и обратно, се додека не дојдете до моментот кога вашите тела ќе се сплотат во едно.
Четврта фаза
Ако повеќе од времето со вашиот партнер сексуалниот чин ви трае прекратко пробајте некакви лубриканти кои ги има во голем избор, или некои од различните вибратори.
Ако ви е тешко да постигнете оргазам, пробајте да го контролирате дишењето со тоа што ќе се релаксирате и дишете полека и подлабоко. Освен физичкиот акт, обрнете внимание и на своите емоции.

You must be logged in to post a comment Login