Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Како да ги остварите вашите сексуални фантазии

Ако сте во подолга врска и веќе ви здодеа вообичаениот „ванила“ секс, зошто не го зачините вашиот сексуален живот со нешто ново и различно? Сигурни сме дека во главата ви се вртат многу идеи, но можеби ви е срам да му ги соопштите на партнерот, или пак никогаш немате доволно време за ги реализирате. Со следниве неколку чекори можете побрзо да дојдете до исполнување на вашите желби и до ултимативно уживање.

Осигурајте се дека вашиот партнер разбира што точно сакате

Ако сте срамежливи, но сте собрале храброст да ја споделите својата фантазија со партнерот, можеби сте ја кажале набрзина и сте испуштиле некои важни детали. Некои фантазии се едноставни и директни („Сакам да имаме секс со вклучени светла“), но други се комплексни и треба добро да се испланираат („Сакам да глумиме дека не се познаваме, да се запознаеме во бар, и да имаме „секс за една ноќ“ во хотелска соба“). Потсетете го на оној пат кога сте му зборувале за вашата сексуална фантазија, и кажете му ги деталите околу нејзината реализација.

Некои луѓе сметаат дека со планирањето на секој детал од нивната фантазија можат да го „убијат“ расположението, но може да се случи токму спротивното. Разговорот за што точно сакате да направите може да биде исклучително еротски. Секој вид на планирање што ќе го направите (собирање материјали, барање локација итн.) го зголемува исчекувањето, а со тоа се зголемува и желбата. Некои делови од овој процес можат да ви донесат поголемо задоволство и од самиот настан.

Исто така, секој треба да презема одговорност за своите желби. Ако фантазијата е ваша, вие треба да остварите најголем дел од организацијата. Можете да го прашате партнерот што тој сака и дали има одредени барања, но нека биде јасно дека вие го преземате водството. Не срамете се од вашата фантазија и не заборавајте дека фантазиите се сосема здрави и сите ние ги имаме.

Почнете со мали чекори и постепено зголемувајте го ентузијазмот

Ако вашата фантазија има многу детали, или пак вие или вашиот партнер се двоумите, разделете ја фантазијата на повеќе изводливи чекори. На пример, ако сакате да бидете доминирани, започнете со лисици и заврзани очи, а потоа преминете на посложени реквизити. Еден од наједноставните начини за да ја остварите фантазијата успешно е да разговарате за неа и да ја планирате додека сте интимни. Повторно, исчекувањето е половина од забавата, па нема никаква потреба од брзање!

Исто така, запаметете дека има голема разлика помеѓу согласност во општа смисла на зборот, и согласност за конкретен акт во моментот. Можеби ќе се чувствувате возбудени затоа што вашиот партнер сака да учествува во вашата фантазија, но не донесувајте заклучоци пребрзо. Не заборавајте да го прашате дали сака да ја проба таа фантазија вечерва, или пак некогаш во иднина.

Не очекувајте сè да биде совршено првиот пат

Кога фантазиите се во нашата глава, сè се одвива совршено. Никој не фантазира за непријатни или несмасни ситуации. Но, во реалниот свет, одигрувањето на фантазиите знае да биде хаотично. Некој може да ја изгуби ерекцијата, да излезе од улога, или да се заглави во лисиците. Како што ни треба време за да станеме добри во сексот, потребно е некое време и пракса за добро да ги одиграме нашите фантазии. Ќе научите да бидете поумешни со сексуалните играчки. Ќе научите да бидете побрзи и повешти. Можеби ќе сфатите дека омилениот дел ви е зборување за фантазијата и нејзино планирање. Бидете трпеливи, и не губете ја смислата за хумор ако работите тргнат наопаку. Со тек на време ќе научите, и ќе бидете среќни што не сте се откажале!

Имајте ред во фантазиите

Секако, фантазиите на вашиот партнер се подеднакво важни како и вашите. Ако и двајцата имате голем број фантазии, остварувајте една ваша, па една негова за да ги разиграте страстите. Можете и да ги напишете на ливчиња хартија и да извлечете една, со што неизвесноста ќе стане уште поголема.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement