Сексот е полн со емоции кои би требало да се покажат. Мажот кој не испушта никакви звуци за време на водењето љубов баш и не е нешто што секоја жена сонува.
Кога е во прашање водењето љубов, жените имаат различни желби и очекувања. Иако сите сме различни, страствен, емотивен и возбудлив сексуален одност е сонот на секоја жена. Но, постојат заблуди кои и тоа како можат да го расипат односот и страста.
1. Мажи кои не се страствени
Страста го движи и диктира сексот. Мажите кои знаат што сакаат, и умеат да ги покажат своите чуства, ќе ја разгорат и нејзината страст.
2. Испрашување за оргазмот
Испрашување по сексот може да биде многу напорно. Прашањата како ,,дали сврши”, навистина не се потребни особено бидејќи телото е многу по моќно оружје од зборовите.
3. Заминување од креветот после сексот
Сексот не е само оргазам, туку приказна која има свој почеток, средина и крај. Крајот е посебно многу важен. Бегањето од креветот е нешто што жените го мрзат.
4. Непокажување иницијатива
Мажот кој знае што прави со жените е многу секси. Затоа жените сакаат кога тој презема иницијатива и ја покажува својата способност и сила. Маж кој чека нешто да се случи, може да делува многу досадно.
5. Наговарање
Сексот е чин помеѓу двајца кои би требало взаемно да осеќаат страст. Но наговарањето и форсирањето може да биде прилично иритантно.
6. Мажи кои не се слушаат за време на сексот
Сексот е преполн со емоции кои би требало да се покажат. Мажот кој не испушта никакви звуци за време на водењето љубов баш и не е нешто што секоја жена сонува. Стенкањето и воздишките можат да бидат многу секси бидејќи е убаво да се знае дека и другата страна ужива подеднакво.
7. Монотонија
Монотонија во сексот може да ја уништи сексуалната желба. За страста да се одржува потребно е да се употреби фантазијата. Жените сакаат изненадувања, а секс во када или па нова поза може да бидат добри потикнувачи.

You must be logged in to post a comment Login