Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

6 несакани последици предизвикани од секс

Љубовта боли. Понекогаш остануваат рани, белези а понекогаш ситуацијата може да стане навистина чудна, особено ако е во прашање сексот. Полово преносливите болести и несакана бременост се неколку од тие ситуации.

Алергија на сперма

На некои мажи ерогенитедоживувања не им носат чисто задоволство. POIS (Post-orgasm illness syndrome) се јавува кај некои мажи после оргазам и може да трае со недели. Синдромот е идентификуван во 2002 година, а симптомите се слични на грип. Температура, течење од носот, екстремен умор и иритација на очите и се појавува одма после ејакулацијата. Marsel Valdinger, холандски професор по сексуална психофармакологија, заклучил дека тие мажи се алергични на сопствената сперма.

Жените исто може да бидат алергични на сперма. Иако е ретка појава како и кај мажите, сепак се забележани такви случаи. Симптомите се други. Се јавува после 30 минути од ејакулацијата, а вклучува отекување, чешање, пецкање, осип… Оваа алергија може да се појави поради изложеност на сперма на еден одреден маж или од сите машки партнери.

Кршење на пенисот

Фрактура на пенисот е ретка појава, но сепак некои од припадниците на посилниот пол се имаат соочено со тоа несакано искуство. Ако во пенисот не постои коска не значи дека не може да дојде до кршење. До тоа може да дојде ако се соочат со тупа траума или нагло виткање на пенисот после ерекција. Ако за време на секс слушнете необичен звук и почувствувате болка, може да е дојдено до кршење на пенисот. Кршењето или фрактурата на пенисот се дефинира како пукање на мембранта на набрекнатото канвернозно тело на пенисот. Оваа повреда се третира како итна уролошка интеревенција.

Константен оргазам

PGAD (Persistent genital arousal disorder) се јавува кај жените. Предизвикува возбуденост без никаква дразба и стимулација. PGAD нема врска со сексуална желба. Кај жени со вакво пореметување и најобични активности како што се возење или облекување тренерки може да предизвикаат повеќекратен оргазам. Можеби на некои неконтролираните, спонтани оргазми им звучат како благослов, но замислите да ви се случи во тек на интервју за работа. PGAD е прв пат регистриран во 2001 година. Може да се појави во било која возраст и доба дури и за време на бременост и после менопауза.

Болна ерекција

Претерувањето со конзумација на вијагра не е единствен начин да се добие долгорочна ерекција. Пријапизам е изненадна, непосакувана и болна ерекција која може да трае и со саати, при што крвта се заглавува во сунѓерестото тело на пенисот, што може да доведе до трајна импотенција. Предизвикувачите на оваа појава не се јасни и бараат клничко лечење.

Сексономија

Секс за време на сон или сексономија е состојба во која личноста учествува во сексуални односи додека сонува. Станува збор за озбилно и ретко пореметување кое е званично признато во 2003 година и може да се лечи. При оваа појава личноста може да мастурбира, изведува орален секс, да има оргазми, ејакулација, сексуален напад  дури и силување. Понекогаш своите партнери несвесно ги тераат на секс но кога ќе се разбудат не се сеќаваат на тоа.

Главоболка предизвикана од секс

Сексуална главоболка може да се појави за време на сексуална активност која води до оргазам. Сексот го зголемува крвниот притисок и притисокот во глава. За време на секс има и грчење на мускулите, напетост и како резултат на тоа се јавува силна главоболка која е предизвикана од ширење на крвните садови во главата. Тие не се толку опасни појави но ако се јавуваат често сепак е препорачливо да се посоветувате со лекар.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement