Порно филмовите ни пласираат митови за жени со перфектни тела, нежна кожа без ни една дамка, со способност за неверојатни акробации и издржливост.
Со 5 минути од некој порно филм во главата може да се создаде конкретна претстава за тоа што би требало да се подразбира под поимот секс во реалниот свет.
Истражување на темата што научиле жените од порно филмовите, на сајтот Redditor, покажува дека тоа е порполно неточно во реалниот свет. Во продолжение следи листа од 11 загрижувачки невистини кои порно филмовите им ги сервираат на жените:
1.Нивните тела се „абнормални“.
„Бев 100% убедена дека ми е потребна естетска операција на интимните делови и навистина ми беше срам да се соблечам гола пред дечкото, затоа што мислев дека ќе ме гледа како изрод“, е еден од одговорите на анкетираните жени.
2.Фокусот секогаш е на задоволството на мажот.
„Мислев дека сексот подразбира и преправање дека ми е убаво дури и тогаш кога воопшто не уживам, и дека не е важно дали сум доживеала оргазам, како и дека на машките тоа им е потполно неважна работа“.
3.Значењето на зборот „секси“ се однесува само на физичките компоненти.
„Се чувствував како да треба да се спакувам во кутија од која никогаш не би сакале да го тргнете погледот. Тоа ме фрустрираше, не само кога е во прашање моето тело, туку целокупната моја личност – дека сум груба, непривлечна, несмасна… Меѓутоа, сватив дека и јас на некој свој начин сум секси, и сега сум многу посреќна“, одговор на една од анкетираните жени.
4. Машките не сакаат жените да се несредени „таму доле“.
„Мислев машките очекуваат да бидам без ни едно влакно таму доле и дека во спротивно ќе им бидам многу одбивна“.
5.Дека орагазам се постигнува лесно, без ни малку напор.
„Мислев дека оргазам се постигнува многу лесно, што ми влијаеше долго време да размислувам дека нешто не е во ред со мене“.
6. На мажите им се привлечни само одредени тела (исончани, кралски бели, мазно издепилирани).
„Сметав дека само жените со совршено тело можат да имаат секс“.
7. Секој пенис е обрежан и подолг од 21 см.
„Незнаев дека необрежан машки полов орган воопшто постои, затоа што секој порно филм што сум го гледала, машките актери беа обрежани“.
8. Неверојатно комплексните положби во сексот, му се пријатни на секого.
„Да, тие јаки пози! Секоја е приказна за себе, но мислам дека е многу тешко, и дека се граничи со невозможното, да се постигне оргазам на толкаво растојание измеѓу партнерите. Освен тоа, сјајната работа во сексот е тој близок добир на телата.
9. Мора да се направи се она што го прават порно глумиците за партнерот да биде задоволен.
„Не ми ни паднало на памет да дозволам некој да ми сврши на лицето или да го голтнам тоа, доколку тоа не го сакам. Или дека треба да врискам на цел глас, иако не ми е до тоа.“
10.Машките се секогаш спремни и желни за секс
„Мислев дека сите машки сакаат да бидат груби, агресивни и доминантни во текот на сексот“.
11.Сексот помеѓу две жени се случува од чиста досада
„Мислев дека сексот помеѓу две жени подразбира обавезно долги нокти, мазење од досада и чекање да се појави некој погоден дечко“.





You must be logged in to post a comment Login