• Сподели на:

Ретроградниот Марс: Планетата на војната носи проблеми во партнерските односи

___

Доколку не знаевте, Марс е ретрограден од почетокот на март па се до втората половина на мај, што во превод значи: ќе имате проблеми во партнерскиот, семејниот и службениот живот.

Кога станува збор за Марс, треба да се напомене неговото негативно влијание, затоа што неговата природа е директна. Многу ретко е ретрограден, односно на секои две години. Во периодот од 1-ви март до 20-ти мај, планетата Марс ја отелотворува снагата, храброста и иницијативата. Ги симболизира војниците, оружјето, сите остри предмети, ги претставува машките, најчесто спортистите, но и криминалците. Од друга страна пак, тоа е планетата која укажува и на вооружени конфликти. Марс е импулс и кај него нема многу размислувања.

couple-fighting-lg-9739963

ВЛИЈАЕ НА ОДНОСИТЕ, ОСОБЕНО НА ПАРТНЕРСКИТЕ

Моменталната ситуација не е розова. Поголемиот дел го имаат ова искусено уште кон крајот на претходната година, кога Марс влезе во знакот на Вага. Вагата на пример ги симболизира брачните односи. Тежнее кон тоа да создаде хармонија во се, па затоа влегувањето на Марс во овој знак ги пореметува односите. Расправиите се почести, затоа што Марс е најмалку свесен од сите останати. Од позиција на вага, тој можеби и се обидел да балансира, но често тера правда без потреба, со малку или ниеден аргумент.

Марс во вага е машко кој е сигурно убав, води сметка за својот изглед, лесно заведува затоа што неговиот шарм е неспорен, но позади таа маска се крие големата слабост и недостаток на самодоверба. Во случај на ретроградност, сето ова се засилува, затоа што неговата енергија е дополнително оштетена. Тој нема да биде искрен и директен како по обичај.

Голем број жени ќе имаат проблеми со своите партнери во перидов кој доаѓа. Засилена агресивност и затоа треба да бидат внимателни. Можеби нивниот партнер ќе се обиде да изгради ситуација заради неговата моментална потреба да биде во емотивен однос, но тоа ќе го прави на погрешен начин, со лаги и на сила.

Се разбира дека во животот на секоја индивидуа се зависи од неговата натална предиспозиција, но во случај на ретроградност само доколку е одлично поставен – тогаш е загарантиран излезот од опасни ситуации.

Најголемо влијание ќе почувствуваат овните и скорпиите, затоа што Марс е нивен природен владетел, но покрај Овните и другите кардинални знаци: Ракови, Ваги и Јарци.

 

advice_4182613_lrg

СОВЕТ:

Би било одлично да не започнуваат љубовна врска ниту да влегуваат во брак, доколку сакаат стабилност и трајност, Венера е онаа која во овој случак е неговиот дизпозитор, а ќе биде во знакот на Водолијата која првенствено ја сака слободата. Можни се љубовни изневерувања заради силината на ретроградноста.

Кога станува збор за здравјето, треба да се обрне внимание на двојните органи, особено на бубрезите. Постои поголема шанса за воспаление на уринарниот тракт, а можни се и сериозно проблеми со кожата кои пак можат да остават лузни.

Во овој период, не треба да започнувате какви било проекти и мора да ги почитувате законите. Избегнувајте да барате правда на суд, ако не морате, затоа што тоа би бил тежок и долготраен процес.


Оставете коментар

___