• Сподели на:

Како да ја сочувате врската на далечина

___

Истражувањата потврдуваат дека паровите кои се раздвоени, емотивно се поповрзани отколку оние кои живеат заедно. Дали современата технологија ја промени онаа народната “далеку од очи, далеку од срце “?

Задоволни сте со својата врска, се сакате, уживате во секој момент поминат заедно… Ама постои еден мал проблем – живеете на различни страни од светот!

Поголемиот број на луѓе ќе кажат: Далеку од очи, далеку од срце, ама не мора да биде баш така. Најновите истражувања потврдија дека љубовта на далечина обезбедува поквалитетна и поцврста врска, бидејќи партнерите делат многу повеќе од оние кои се гледаат секојдневно.

Голем број од луѓето денеска поминуваат доста време во странство заради работа, додека нивните партнери остануваат дома. На таквите врски или брзо им се става крај, или завршуваат со брак. Секоја врска на далечина бара големо залагање во секоја смисла на зборот, но не е гаранција за успех. Ако се двајцата партнери среќни и се засакаат, а потоа едниот од нив мора да отпатува некаде на подолго, тоа е тест за нивното разбирање, нивните емоции и трпеливост. Во таквите врски доколку партнерите имаат заеднички цели, интереси и планови, може да добијат и дополнителна мотивација и со тоа да ги победат сите искушенија.

Довербата е од клучно значење  

Довербата е важна, и без неа не би ни требало да се впуштате во било каква врска. Ако недостасува, врската ќе биде стресна како за вас, така и за вашиот партнер. Непрестаното правдање знае и те како да биде заморно и да фрли неубава сенка на меѓусебниот однос. Кога се во прашање врските на далечина, довербата се чини дека е најважниот зачин. Она што не го гледате со свои очи, не можете ни да го знаете додека партнерот не го сподели со вас. Заради тоа дајте му причина на партнерот да ви раскаже каков му бил денот.

Врските на далечина подразбираат и почитување на договреното. На пример, кога ќе се вратите од работа, слушнете се преку скајп или вибер. Но, треба да бидете флексибилни зашто животот е непредвидлив и може да се случат непредвидени ситуации. Ако почне да ве јаде јанѕа дека партнерот не се јавува, па настапи љубомората и се уклучи алармот, тоа е сигурен показател за крахот на врската. Тогаш е време да седнете и да се приспитате дали таа врска навистина вреди, дали партнерот ви е важен или не. Психолозите тврдат дека успеваат само оние врски кои имаат поставено некои повисоки цели. Основниот проблем денес не е далечината, зашто постојат најразлични можности за комуникација, туку проблемот е да се биде или не, искрен и верен на партнерот. Важно да се зборува за се она што се случува и така присуството ќе биде обострано меѓу партнерите. Треба отоврено да се зборува и да се биде искрен зашто само така секој ќе може да си го живее своето секојдневие.

Пеперутките се сеуште тука  

Врската со личноста која е далеку од вас има и свои предности. Пред сѐ, емотивно е многу поинтензивна, баш заради тоа што ретко се гледате. Освен тоа имате време да осмислите сѐ за наредната средба – гардероба, местата на кои би можеле да одите…

А и ако имате врска со некој од друг град можете да стекнете ново искуство. За секоја средба пепрутките во стомак не ви даваат мир. Заљубеноста е константно присутна и едноставно ништо не може да ви здосади. Бидете сигурни дека ваквата врска не може да прејде во навика. Ако некој ви каже дека таква врска не можете да одржите, не му верувајте. Со доволно љубов и труд, малата физичка оддалеченост не е некаква препрека. Зашто постои и една поговорка: Далечината го гаси малиот пламен, ама го распламтува големиот…

Секојдневен контакт: Пожелно е да бидете што покреативни при начинот на комуникација. Во денешно време можете да комуницирате по пат на СМС пораки, е-мејл, скајп, вибер или чет, а можете да напишете и вистинско романтично писмо.

Искрен разговор: Поделете ги со партнерот искрените чувства и моментите на нежност.

Поврзете се сексуално: Испратете му мали слатки еротски желби пред спиење.

Слики само за твоите очи: Сликајте се послободно и испратете му на партнерот фотографии кои сигурно ќе измамат воздишка.

Нарачајте поклон: Цвеќе или некој поклон преку интернет и испратете го до саканата личност.

Испратете прегратка на далечина: Kога ќе почувствувате огромна желба и потреба за саканата личност, испратете му прегратка полна со љубов по ментален пат.

Истражувањата потврдуваат дека паровите кои се разделени, емотивно се поповрзани од оние кои географски се блиску.

Откриено е дека паровите во врските на далечина поретко комуницираат, но разговараат за работи кои се важни за врската, додека партнерите кои се географски блиску разговараат почесто, но на неважни теми.

Сексот е еден од столбовите на секоја врска и тешко е кога морате да чекате за интимните моменти. Но, искористете ја благодетта на модерната технологија и препуштете се на взаемната имагинација. Употребете го вибер, или СМС порака за “интимно” допишување, на тој начин можете да си пишувате колку сакате, што ќе правите кога ќе се видите. И да, зошто сте инсталирале скајп ако во такви моменти не го употребувате за покер во соблекување или стриптиз само пред очите на партнерот?

– Ако сте често раздовени, повеќе ќе го цените времето кое го поминувате заедно.

– Приморани сте вербално да комуницирате, па ќе најдете начин како полесно да ги изразувате своите емоции.

– Во врските на далечина има помалку бессмислени расправии кои создаваат нервоза и го прават лош работниот ден, паровите не се разсправаат за ситници, напротив ги избегнуваат.

– Бидејќи разговарате по пораки, помали се шансите да кажете нешто што не треба додека се расправате.

– Не ги гледате ситниците кои вообичаено би ве изнервирале: неговите прљави чорапи на под или нејзиното дотерување пред излегување…

– Искрени сте: ќе му кажете на партнерот нешто дури и ако знаете дека ќе го повредите, зашто искрената комуникација е важна за врската на далечина.

– Имате време за себе и можете кога сакате да излезете со пријателите без да чувствувате грижа на совест.

– Одовеноста ја зајакнува врската: Ако можете да го поминете тој тест, ништо друго нема да ви биде тешко.

Ако планирате врската на далечина да ви успее, најдобро е да си ги поставите следните прашања:

Колку долго ќе бидете одвоени? Дали далечината е привремена или трајна? Ако тој има намера да се врати, нема да имате проблеми, но ако постои опција дека цело време ќе бидете разделени, морате да размислите колку вреди да се вложува во таа врска.

Колку често ќе се гледате? Ако тој работи, а вашиот распоред исто така е пребукиран, ќе биде тешко да се усогласат желбите и обврските.

Какви ви се плановите за иднината? На почетокот е лесно да се одржи страста, секое негово доаѓање ќе биде возбудливо. Меѓутоа, по некое време морате да разговарате за иднината. Ако тој нема намера да се пресели поблиску, а вие не сакате да го промените својот живот, подобро е тоа да го востановите веднаш.

Повремените заеднички патувња се добар начин партнерите подобро да се запознаат, зашто често постои склоност да се идеализираат еден со друг. Психолозите сметаат дека овој тип на врска добива вистинска смисла само ако партнерите планираат еден ден да се најдат на пола пат.


Оставете коментар

___