Обично жените кои знаат што сакаат, имаат детален план како идеите да ги претворат во реалност, не сакаат да бидат окарактеризирани како “понежен пол”, се борат за истите бенефиции како и мажите, не сакаат семејство пред финансиски самите да се обезбедат, независни се во секоја смисла на зборот, а се именувани како феминистки. Затоа, силните и влијателни жени низ светот се обединуваат со цел да покажат дека сето ова горенаведено не ги прави феминистки, туку еднакви борци како и мажите.
Подолу, неколку женски ставови, кои доколку ги поседувате, според мажите сте во групата на феминистки:
Сметате дека заслужувате да бидете платени исто како мажите за вршење иста функција.
Сметате дека кариерата на жените е иста толку важна како онаа на мажите.
Мислите дека се гом…… кога некој ви вели дека сте нерационална затоа што сте во ПМС.
Верувате во еднакви партнерства.
Знаете како сами да се грижите за себе и горда сте на тоа.
Сметате дека жената има право да зема таблети против бременост, затоа што имате уште многу да одработите пред да станете мајка.
Знаете дека ако се чувствувате убаво, изгледате прекрасно.
Жената има право на свој избор.
Не сте за еднакви права за жените, туку еднакви права за сите.










You must be logged in to post a comment Login