Здравата врска е голема среќа која вас ве подигнува во облаци и се што гледате е партнерот кој го сакате и светот е розев. Меѓутоа, понекогаш врските балансираат на границата и не сте потполно сигурни што всушност се случува. Дознајте кои пет знаци треба да ги препознаете за да бидете сигурни дека сте во квалитетна и здрава врска.
Во здравата врска партнерите даваат еден на друг доволно простор, бидејки не е здраво да немаат време само за себе. Повременото уживање во сопственото друштво може дамо да ви даде инспирација за заедничко дружење.
Покрај тоа, ваквото однесување покажува взаемна доверба на партнерот кој е еден од чекорите за квалитетна врска и одстранување на љубомората и зависноста.
Партнерите во здрава врска го знаат зборот “извини” онојпат кога е потребен, превземаат одговорност за грешката и се трудат повторно тоа да не се повтори, бидејки ја научил лекцијата.
Еднакво на тоа, знаат и да покажат благодарност, дури и за најмалите ситници – едно обично, мало “благодарам” може да направи вистинско чудо.
За крај, добрата врска се препознава по тоа што се станале подобра личност од кога сте со партнерот.

You must be logged in to post a comment Login