• Сподели на:

Зошто зафатените мажи се попривлечни?

___

Речиси секоја жена некогаш се заинтересирала за маж кој е во врска. Без сомнение, оние на кои им се има случено ова, се имаат прашано самите зошто се залепиле за вакви мажи, кога знаат дека е залудно. Зошто се случува ова?

„Речиси сите жени имаат паднато на шармот на некој зафатен маж, бидејќи нашиот мозок е програмиран да посакува работи до кои е тешко да се стигне”, вели доктор Томас Луис, коавтор на книгата „А general Theory of Love”.

Ловот го крева нивото на допаминот

Дали некогаш сте посакале некои кондури толку многу што сте отишле во друга продавница во потрага по нив бидејќи во првата биле распродадени? Ваква иста очајна желба се појавува кога ќе ви се допадне некој маж кој има партнерка. Колку е нешто недостижно, толку желбата е поголема. „Тоа се нарекува фрустрирачка привлечност, колку е нешто потешко да се добие, толку повеќе копнееме по тоа”, вели доктор Хелен Фишер, автор на книгата „Why We Love”. „А фактот дека е нешто забрането, само го зголемува копнежот”.

Еве како делува ова: Секогаш кога ќе се јави копнеж, мозокот ослободува допамин кој ве поттикнува да ја остварите целта. Кога препреката (фактот дека има девојка) ве спречува да дојдете до целта, мозокот ослободува уште повеќе допамин, што уште повеќе ве тера на лов.Доколку некоја друга девојка (посебно доколку е некоја која ја почитувате) е во врска со тој маж, вашиот мозок го регистрира како „квалитетна роба”.

За да ја насочите енергијата кон достапните мажи, дефинирајте што ви е важно кај маж – верен, духовит, авантурист. Тогаш, почнете да запознавате мажи кои ги поседуваат овие особини, па наскоро ќе имате партнер со кој вистински ќе уживате, вели доктор Луис.


Оставете коментар

___