Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Зошто не треба да се споредувате со другите?

Споредувањето со другите сигурно нема да направи да се чувствувате задоволни со себе си. Секогаш ќе најдете некој кој е – попаметен, поуспешен, поснаодлив, подуховит, поубав од вас, поради што ќе се чувствувате лошо во сојата кожа. Споредувањето со другите може да предизвика депресија, па затоа ви откриваме неколку причини поради кои не смеете тоа да го правите.

Критикување на другите – Ако помалку ги критикувате другите, помалку ќе се критикувате и себе. Наместо да ги гледате само негативните особини, потрудете се во сите да најдете нешто добро. На еден начин посматрајте се и себе – издвојувате се и бидете горди на своите доблести.

Ничиј живот не е совршен – Можеби ви се чини дека сите останати се среќни , бидејќи постојано ви се гледаат насмеани , но како можете да бидете сигурни дека насмевката не е само маска? Не можете да знаете што се крие под површината, а ако ги идеализирате другите, веројатно сметате дека вие никогаш нема да бидете такви. Но, при тоа заборавате дека сите имаме проблеми и дека ничии живот не е совршен.

Споредувајте се сами со себе – Наместо постојано да гледате што прават другите, посветете се на себе. Споредувајте го своето минато и сегашност со цел да се уверите дека сте се промениле, дека сте напредувале, созреале. Ваквото споредување ќе направи да се чувствувате среќни и задоволни.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...