Според препораките на експертите, перницата треба да се менува на секои две години, додека јорганите треба да се фрлат по седум години користење. Повеќе од 80% од луѓето не го знаат ова.
Анкатата спроведена на околу 2000 мажи и жени открила дека 82% од нив не знае колку често треба да се менуваат перницата и јорганот.
Истражувањето покажало дека просечен Британец ја користи перницата 3,2 години, а јорганот 7,6 години.
Користењето на перницата над препорачаното време значи дека може да имате проблеми со вратот поради ндоволна потпора на главата и вратот. Исто така се зголемува опасноста од здравствени проблеми поради дабктерии и паразити.
Анкетата покажала дека 57% од испитаниците одговориле дека ја менуваат перницата кога ќе почуствуваат дека е истенчена. Околу 46% од нив велат дека ја менуваат кога ќе сватат дека предолго ја користат. Останатите ја менуваат кога ќе почуствуваат неудобност во спиењето.
Експертите советуваат јорганот да се менува на секои 7 години. Секако рокот на траење зависи од нивниот квалитет, а тие секогаш може да се заштитат со навлака.