Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Зашто никој не и верува на жената кога ќе каже дека е среќна додека е сама?

Кога постара жена или девојка ќе каже дека е сама, обично ја погледнуваат со сожалување. А кога ќе каже дека е среќна и сама, обично не и веруваат.

54421_profimedia0012702528_630x0

Во таква ситуација е и Милица, на која другарка и и нашла партнер за Новогодишната ноќ. Таа инсистирала да остане дома и да гледа телевизија, но другарка и и кажала: ‘’Ти најдов момче’’ , па отишла. Секако состанокот не поминал најдобро.

-Луѓето имаат предрасуди кога се во прашање жените како мене. Како можам да бидам среќна во 42 година без маж и деца поред мене? На мене гледаат како проблем на кој може да се реши и многу се ангажираат по тоа прашање. Затоа се пронајдов во тоа што го кажува Џенифер Анистон каде и да се наоѓа: за среќните немажени жени и опсесијата на друштвото за традиционалниот среќен крај.

Според нејзините зборови, не е во ред Џенифер да биде гледана од тој агол кога таа жена постигнала многу други работи.

-Наместо да се зборува колку таа е добра глумица, луѓето зборуваат дали таа ќе се омажи за Џастин Тери – напишала Милица.

Луѓето претпоставуваат дека жената не е исполнета ако не е мажена или ако нема деца.

-Таквите жени треба да се сметаат за јаки и самостојни и таквите жени се се почести. Али луѓето сеуште ме сожалуваат. Никој, дури и моите најдобри пријатели не можат да ме разберат дека сум среќна. Кога ќе им кажам дека не сакам да запознавам мажи, ме гледаат загрижено. Кога ќе кажам дека веќе не сакам деца, ме гледаат како да сум болна – изјави таа.

Понуди добива од сите страни, бидејќи времето и ‘’истекува’’, но Милица останува на своето.

-Пред некој ден бев да се видам со пријател кој штотуку се разведе, а неколку дена потоа ми се јави пријателката да ми каже дека се зборува дека ние се забавуваме. Изгледа дека жена не може да излезе на вечера со пријател.

Но Милица не пранира да остане сама. Таа во своите триесети години била во озбилна врска, но таа врска не завршила со брак.

-Запознав маж кој мислев дека е љубовта на мојот живот кога имав 34 години и поминав со него три турбулентни години пробувајки да го убедам да основаме семејство. Тој не беше за тоа, но останав со него бидејќи бев заљубена. Година дена се опоравував од таа врска и тек после тоа бев спремна за врска, но веќе имав 38 години и бременоста во тие години значеше нешто друго. Можев да пробам со вештачко оплодување или да чекам да го запознаам вистинскиот. Но бев спремна да го прифатам фактот дека тој брод веќе испловил, бидејки не можев да барам од момчето со кое бев на 40 години, на почеток на врската  одма да размислува за семејство со мене. Се разделивме после една година, но останавме пријатели. Иако љубовта не ни успеа, секогаш ќе бидеме тука еден за друг – кажа Милица.

54422_profimedia0012702729_630x0

Но таа не жали за ништо.

-Не се случи да се омажам и да имам деца, но ме исполнуваат други работи. Знам дека луѓето околу мене имаат добра намера и не им се лутам – објаснува Милица.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...