Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Зашто бурмата се носи на домалиот прст?

Гордите младенци во скоро сите култури низ свето на церемонијата на венчавање ги разменуваат прстените, така што едниот на другиот го става прстенот на домалиот прст. Меѓутоа, многу малку знаат зашто е тоа така.

Зашто свадбениот прстен се носи баш на четвртиот прст? Старите египќани верувале дека баш од овој прст води една жила до срцето, додека други сметале дека на домалиот прст бурмата најмалку смета. Сепак, една кинеска легенда нуди многу симпатично објаснување.

– Палците претставуваат родители

– Показалците ги претставуваат вашите браќа и сестри

– Средниот прст ве претставува самите вас

– Домалиот прст го претставува вашиот партнер

– Малиот прст ги претставува децата.

Спојте ги рацете дланка со дланка, а потоа средните прсти соединете ги на начин како што е покажано на сликата.

burmi na racete slika

Пробајте да ги раздвоите палците (родителите). Тие се раздвојуваат бидејки тие не би требало вечно да живеат со вас. Повторно спојте ги.

Пробајте да ги раздвоите показалците (браќа и сестри). Тие се отвараат, бидејки тие одат по свој животен пат.

Пробајте да ги раздвоите малите прсти (децата). Тие се одвојуваат, бидејки децата растат и заминуваат. Повторно спојте ги.

Конечно, пробајте да ги раздвоите домалите прсти (вашиот партнер) и ќе се изненадите. Ова е невозможно да се изведе. Двајцата сте судбински поврзани до последниот ден на вашиот живот и затоа бурмата се носи на тој прст.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement