Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Заборавете на стереотипите: Белата кујна никогаш нема да излезе од мода

Еден од најновите и најтоплите трендови во дизајн на кујна, всушност и не е нов, бидејќи се работи за класична бела кујна. Изгледа како овој вечно популарен изглед на кујните да добива се повеќе приврзаници.

Карен Вилијамс, дизајнерка на кујни од Њујорк, кажува дека белата кујна никогаш нема да излезе од мода бидејќи е безвременска. Вилијамс, дала неколку главни прричини зашто треба да одберете бела кујна.

Идеална за големи и мали простории

Без разлика дали сакате урбан стил, или само уредување на кујната во викендицата, со белата боја никогаш нема да погрешите. Белата боја визуелно може да го отвори и малиот простор и да изгледа поголем и посветол. Ако ја примените во голем простор ќе добиете свеж и чист изглед.

Модерна кујна

Ако се одлучите за модерна бела кујна, сте го одбрале минимализмот. Вилијамс кажува дека секогаш одбира чисти линии и висок сјај за сето тоа да изгледа едноставно. Но не грижете се дека просторот ќе го направите монотон бидејќи одлично се дополнува со апаратите од различни материјали, како и плочките и стаклото кои ќе ги одберете.

Класичен тип на бела кујна

Љубителите на класичниот изглед, со белото можат да одберат и мермени плочи. Старат кујна, обоена во бело ќе добие сосема нов изглед.

Се е во деталите

Кога имате бела кујна можете да си играте со деталите во сите бои. Во големи простории без размислување можете да си дозволите и шанк во потемна дрво боја. Тоа ќе биде центар на кујната и идеален за фамилијарни собиранки.

Ако одберете апарати во бела боја со детали од челик, ќе добиете чиста елеганција, додава дизјнерката.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement