Малиот внатрешен џеб на фармерките е вид на мистерија, бидејќи на никој не му е навистина јасно што е или за што служи. Постојат неколку објаснувања.
Поточно, според основачот на “Levis”, овој џеб е осмислен одамна, со цел каубојците да ставаат џебни часовници. Пред тоа, каубојците ги чуваа во јакни, но тие беа толку често оштетувани и губени, па “Levis” направи мал џеб со цел да им ја олесни оваа околност.
Постојат неколку теории поврзани со причината зошто е малиот џеб направен. Некои тврдат дека за време на златната треска луѓето во овие џебови чувале златници, а Рики Гринхит кој претходно работел во “Levis” тврди дека тоа се џебови за кондоми.
Што мислите, кој е најлогично објаснување?

You must be logged in to post a comment Login