• Сподели на:

Враќање на Variola Vera: Глобалното затоплување ќе ги врати големите сипаници?

___

Само во 20ти век оваа опасна болест уби над 300 милиони луѓе

Големите сипаници (Variola Vera) е една од болестите од кои светот највеќе се плаши. Тие го покриваат целото тело со гнојни чиреви и само во 20тиот век имаа над 300 милиони жртви.

Научниците стравуваат дека големите сипаници, кои се истребени во 1979 година, може да се вратат и тоа од лешови заразени од оваа болест. Група експерти веруваат дека телата заразани со вирусот поради климатските промени може да се одмрзнат во Сибир и да се активира инфекцијата во нивните остатоци.

Загриженоста од оваа болест е изложена пред неколку години, но откритието на 30 000 години стариот Питовирус, ги навело научниците при Националниот Центар за Научни Истражувања во Франција да бидат внимателни и при можно враќање на големите сипаници. BBC истражувале колку замрзнатите тела на починати од оваа болест може да го ослободат вирусот доколку се одмрзнат.

Доколку такво сценари се случи, тогаш ќе започне глобална пандемија. Иако има издржани сомневања дека глобалното затоплување може да влијае на вирусот да се активира, сепак не се сложуваат во тоа дека во мртвите тела го има се уште активниот вирус на Variola Vera.

Според Daily Mail Светската Здравствена Организација по ова прашање ги изнела следните мислења на научниците: „ Наши експерти не може да потврдат дека вирусот може да се активира од археолошки реликти“. Главниот Вирусолог при Јавното Здравство на Англија изјавил: „Иако вирусот на големи сипаници е пронајден во лешеви сочувани во Сибир, не е потврдено дека е тој активен“.

Има и спротивни мислења на научници кои тврдат дека баш климатските промени ќе ги намалат шансите за враќањето на тој и други опасни вируси од минатото.


Оставете коментар

___