Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Внимавајте кога купувате ластичиња за брезлетни

Во некои од ластичињата и приборите за правење брезлетни од ластичиња, кои се особено популарни меѓу децата, можат да се најдат опасни хемикалии, предупредуваат стручњаците.

 

Тие велат дека во некои од пакувањата на овие ластичиња може да се најдат големи количини опасни супстанци и дека најопасни се оние кои се увезени од Далечниот Исток. Инаку, најголем број брезлетни се произведуваат во Индија, Кина и Виетнам.

 

Научниците направиле строги тестови на некои од пакувањата со ластичиња и опрема за правење широки брезлетни од гума и тврдат дека во секое од нив откриле присуство на високо ниво на супстанцата фталтат.

 

Оваа хемикалија се користи за пластиката да биде поеластична, а инаку е познато дека е канцерогена. Стручњаците предупредуваат дека е особено опасно тоа што брезлетните од гума ги прават деца, кои можат рацете да ги стават во уста и на тој начин да ја внесат оваа супстанца, Исто така, хемикалијата е опасна и ако дојде во допир со пот, бидејќи на тој начин се внесува во организмот.

 

Научниците нагласуваат дека проблемот не е во самите ластичиња и дека тие не се опасни, туку приборот за правење брезлетни од овие ластичиња..

 

Тие тврдат дека приборот кои содржи фталтат главно се продава во „неофицијални“ пакувања, заедно со брезлетните, додека оние кои имаат ознака „CЕ“се побезбедни. Исто така, апелираат родителите да ги надгледуваат своите деца кога ги прават брезлетните, со цел приборот или ластичињата да не ги ставаат во уста.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement