• Сподели на:

Викенд Хороскоп

___

Овен

Не влегувајте во дискусии, бидејќи ќе кажете нешто што не го мислите. Се проектирате себе си во другите, па место да се занимавате со сопствените мани, ја критикувате околината.

 

Бик

Не можете да ја решите неизвесната ситуација, па затоа не се обидувајте да ги отстраните проблемите со сила. Можна е краткотрајна криза во љубовните односи.

 

Близнаци

Правите одеднаш повеќе работи, па поради тоа може да дојде до хаос. Навреме прераспределете ги обврските, бидејќи моменталната криза може да заврши со колапс.

 

Рак

Во работната средина ви претстојат непријатни моменти. Ќе ве шокираат соработниците за кои мислевте дека добро ги познавате. Обидете се да се држите настрана.

 

Лав

Организирајте се за да не се најдете во ситуација премногу да брзате. Не влегувајте во конфликт со претпоставените лица, дури и да сте во право.

 

Девица

Љубовта е во прв план. Склони сте кон кавги со саканата личност или децата. Слободните ќе се соочат со додворувањето на една премногу наметлива личност.

 

Вага

Плановите не се одвиваат како што треба, но не ги губете нервите. Се работи за минлива криза која брзо ќе ја надминете без последици по материјалната сигурност.

 

Скорпија

Деконцентрирани сте и тоа го отежнува работењето и комуникацијата со соработниците. Внимавајте што изјавувате, бидејќи од невнимание можете да предизвикате сериозен конфликт.

 

Стрелец

Ви претстои контакт со личности кои се пренападни за ваш вкус. Не се сомневајте во своите способности, туку одлучно спротивставете му се на притисокот.

 

Јарец

Премногу сте оптоварени и поради тоа можете да бидете пренервозни. Намалете ги своите амбиции, не мора секоја задача да ја завршите без грешка.

 

Водолија

Имате голема потреба за суштински промени. Додека не ви се разјасни што конкретно ви е најважно, не повлекувајте никакви потези, бидејќи ќе згрешите.

 

Риби

Мотивирани сте да го подобрите амбиентот во кој што престојувате. Не ја исклучувајте саканата личност од она што ве опкружува, бидејќи во овие моменти нејзината улога е неизбежна.


Оставете коментар

___