• Сподели на:

Верно куче чека осум дена пред болница да го види сопственикот

___

По осум дена во болница, Да Коста е пуштен на кратко да искочи и да го види својот миленик, кој го поздравил весело, скоро како да не верувал дека ќе го види повторно.

Еден бездомник од Бразил, се обратил на лекарите бидејќи непознат напаѓач го удрил со камен во главата, но поради дополнителни здравствени проблеми морал повеќе од недела дена да остане во болница, а за целото тоа време го чекало неговото верно куче.

Лаура да Коста ситгнал до болницата одкако бил удрен со камен во лицето, но лекарите утврдиле дека боледува и од меланом кој мора итно да се оперира. Кучето на Да Коста останало на паркингот пред болницата, најверојатно очекувајќи дека неговиот сопственик брзо ќе се врати. Меѓутоа до повторната средба поминале осум дена.

Кучето чекало со денови. Откако болничкиот персонал го приметил, почнале да му даваат храна и вода. По осум дена во болницата, на Да Коста му е дозволено на кратко да искочи и да го види својот миленик. Според последните информации Да Коста сеуште е во болница а неговото куче суште го чека.


Оставете коментар

___