Дали сте традиционална или парти девојка? Храбра или по малку дрска? Да, да тајната лежи во колачињата…
Скоро да не постои девојка која директно не се лансира на седмо небо во истиот момент која ќе го вкуси своето омилено слатко задоволство! Понекогаш е и само еден брауни доволен во истата секунда да не расположи и да ни помогне да го проголтаме тешкиот ден, но постои што стои позади вашиот избор на идеален десерт. Верувале или не, омилениот колач може да открие нешто и за вашиот карактер, а се разбира и да ви помогне да ја разоткриете личноста која седи спроти вас и ужива во кекс торта.
Тука е нашиот мини – водич во светот на психологијата на десертите:
Бисквит
Мора да признаете дека сте малку тешка личност или барем така изгледате за луѓето кои не ве познаваат доволно.
Капкејк
Вие сте шик и софистицирани. Се обидувате да изгледате добро во секоја прилика.
Шненокли
Вие сте непотребно скромни. Сите ве сакаат, бидејќи понекогаш сте апсолутно неодоливи и ненападни.
Кекс сендвич
Вие сте разиграна и забавна личност и пребирате во изборот на пријатели. Сепак, многу сте снаодливи и наоѓате решение за сите проблеми.
Колачи со кикирики
Многу сте интелигентни, но, исто така, многу претпазливи. Добро работите под притисок и во кризни ситуации сте трпеливи и сталожени.
Разнобојни колачи
Најдобро се чувствувате во забавна средина и обожувате дружење. Сепак, понекогаш сте склони на чести промени во расположението.
Медењаци
Вие сте дива личност. Не се плашите да им кажете на луѓето што мислите и дефинитивно не се плашите да се борите за себе. Неверојатно сте храбра, но кога ќе се потрудите можете да бидете и многу пријатна и драга личност.
Колач со овес и суво грозје
Вие сте традиционалисти, па дури и малку старомодни. Не сте премногу авантуристи и најмногу сакате да седите удобно, со книга во рака и пред каминот.









You must be logged in to post a comment Login