Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Трикови со кои продавачите не мамат да купуваме повеќе

Маркетинг експертите со цел зголемување на продажбата, одлучија до” ѕирнат ” во мозокот на потрошувачот.

Користејќи напредни невролошки техники, со помош на кои од секунда во секунда е снимено активирањето на одредени делови на кортексот (со помош на ФМРИ ), како и брзината на дишење и отчукувањата на срцето, движењата на телото и потењето, откриле дека речиси сите потрошувачи реагираат на сличен начин, кога тие се изненадени , воодушевени или разочарани .

Објаснувањето за ова се нашите животински инстинкти, потсвеста и емоциите кои често го надјачуваат разумот , па соодветно на тоа и одлучуваме, понекогаш и невнимателно…

Ова истражување, од една страна, и помогна на компаниите да продаваат повеќе производи, но исто така и на потрошувачите подобро да го разберат нивното однесување и моментот кога нашиот мозок шепоти, ” купи го ова, а не нешто друго … “

Истражувањето со намалувањето на цените, покажа дека повеќе од половина од испитаниците позитивно се реагираше на пониските цени на производи.

– Ја откривме областа во мозокот кое станува поактивно, кога испитаниците виделе дека производот има специјална или пониска цена и сфатиле дека тоа е ” добра зделка ” ако такво нешто може да купат за наведената цена – вели Бернад Вебер од Универзитетот во Бон.

ГОЛЕМИНАТА

Производителите на облека често означуваат со пониски бројки, па мислиме дека можеме да влеземе во помала големина и посреќни купуваме.

КОЛИЧКАТА

Колку ќе купиме зависи и од големината на количката. Ако е поголема, можеме да потрошиме и до 37 проценти повеќе.

МИРИСИТЕ ОД ДЕТСТВОТО

Мирисиte се подеднакво важни. На потрошувачите така им се зголемува апетитот, кој ги охрабрува да купат поголеми количини на храна.

Мирисите го  потсетуваат човекот на детството и го зголемуваат нашето субјективно чувство на сигурност, а со тоа се зголемува веројатноста за купување- вели д-р Симиќ.

Може ли сепак, да го излажеме мозокот за да купуваме помалку?

– Можеме, а начинот е да се промени свеста, за она што е за нас најдобро. Можеби и би ни помогнала и поговорката дека најбогат човек е оној кој има најмали очекувања – вели д-р . Горан Симиќ, додавајќи дека тоа е работа за секој поединец.

Истражувањето покажува дека постои корелација помеѓу IQ и одложувањето на нешто пријатно , па попаметни луѓе се поспособни да ги контролираат потрошувачките потреби.

МУЗИКАТА И СВЕТЛАТА

Огромното мнозинство , или дури 76 проценти од американските потрошувачи на хранливи намирници, одлучуваат за купувањето во продавницата , без оглед на списокот, а експертите велат дека погледот во другите производи им го оттргнува вниманието. И музиката влијае на потрошувачите – гласната, често предизвикува моментално губење на самоконтрола, со што се зголемува веројатноста за појава на импулс за купување , според една студија во САД .

Продавачите ќе се обидат колку што ќе е можно повеќе да го задржат вашето внимание, и овој концепт на продажба особено е добар за продавница за мебел. Откако ќе влезете во нивниот лавиринт, на мноштвото од сјајно дизајниран изложбен мебел, ќе ве натера освен светилката покоја сте дошле да купите и завеси. И осветлувањето ве охрабрува повеќе да купувате.

ОВОШЈЕТО И ЗЕЛЕНЧУКОТ

Дали некогаш сте се прашале зошто овошјето и зеленчукот се во близина на влезната врата во повеќето продавници? Затоа што изгледаат поздраво и посвежи на природната светлина. Во одделот за долна облека осветлувањето е послабо, со цел да се добие впечаток на интимна атмосфера.

КОКОСОВИОТ МИРИС

Поради мирисот на кокос, можете да си замислите дека сте на плажа , па дури и ако не ви треба, ќе погледнете за нов костим за капење .

САМО ПРОБАЈТЕ…

Презентации на кои ќе го пробате производот дава можност да се “запознаете ” и на тој начин полесно да се одлучите да го купите .

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement