Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Типови на жени кои остануваат сами во животот

Стравот од самотија и желбата за партнер од соништата постојано се испреплетуваат, а постојат неколку типови на жени кои имаат најголеми шанси да останат сами во животот, без својот принц на белиот коњ.

Првиот тип се оние жени кои веруваат во судбината до тој степен што се околу себе го објаснуваат на тој начин. Насекаде гледаат одредени знаци дека нештата се резултат на „божјата рака“ или некое слично влијание, па така, на ист начин и очекуваат да дојдат до животниот партнер.

Но, бидејќи овде нема некое проактивно делување, туку само чекање нешто да се случи, таквите жени најчесто остануваат сами.

Вториот тип се негативните жени, и тоа оние екстремните, кои не можат да пронајдат зрак на светлина ниту во најсончевото утро. Поради таквиот став и опсесивното пронаоѓање на маани кај секоја личност што ќе ја запознаат, шансите за животна самотија се големи, бидејќи дури и кога ќе пронајдат личност најблиска до нивниот идеал, се концентрираат исклучиво на нејзините лоши страни, а таквата врска многу брзо ќе заврши.

Третиот тип се жените кои се тотална спротивност на вториот тип, а тоа се крајно позитивните личности кои и во најцрните ситуации ќе пронајдат нешто добро. Но, ваквиот поглед на светот го оневозможува реалното согледување на ситуацијата и забележувањето на вистинските проблеми. Затоа, и кога ќе пронајдат личност која ќе го прифати нивниот оптимизам, тој маж ќе го искористи нејзиниот позитивен став за свои потреби и ќе ја напушти кога веќе нема да му биде потребна.

Затоа, намалете ги очекувањата и симнете ги розовите очила, за да можете најдобро да го видите светот околу себе и да ја пронајдете личноста која е најблиска до вашите идеали.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement