• Сподели на:

Тешко дека ќе погодите каде се најубавите жени, а каде најубавите мажи.

___

Жените од Ирска се најдоа на листата на најубавите жени на светот. Тоа го покажало најновото истражување кое го спроведе beautifulpeople.com и кое сеуште е во тек. И Ирците се многу високо рангирани, но поради тоа колку се грди.

Според ова истражување Ирците моментално се трети на листата на најгрди мажи. Всушност, од сите Ирци кои се пријавиле, само 12 проценти добиле дозвола за отварање на профил на веб страната.

За да влезат во клубот и да бидат членови на beautifulpeople.com, заинтересираните мораат да испратат фотографија и кратка биографија. Во текот на наредните 48 часа, постоечките членови од спротивниот пол ги оценуваат новите и со тоа одлучуваат кој ќе влезе како член на клубот. Опциите кои се нудат се „да, апсолутно“, “хм, да, ок“, „не баш“, и „ не, дефинитивно НЕ“.

Заклучокот е дека најзгодни се швеѓаните бидејќи дури 65% се членови. Следни се бразилците со 42% додека данците се само два проценти помалку.

Девојките од Ирска имале најголем скок. Се искачиле од 14 место во 2011 годнина до импресивно 10то место минатата година, и продолжиле со растот и оваа година – вели директорот Greg Hodge директорот на BeautifulPeople.com.


Оставете коментар

___