• Сподели на:

Светот се враќа во времето на Казанова

___

Дуждовиот Бал во Венеција е најраскошниот и најпрестижниот од карневалите во целиот свет.

Не недостасуваше раскош и гламур на последниот карневалски викенд во Венеција. Главното општествено случување се одвиваше во Серенисимо, кое се подготвуваше целата година. Il balo dell Dodge, односно Дуждовиот бал , е престижен уметнички настан и незаборавно искуство за сите кои ќе успеат да дојдат до покана или билети кои се продаваат наколку месеци однапред.

Темата за оваа година е посветена на уметноста и соништата во кои сè е дозволено, магичната илузија станува реалност, барем за една вечер, а со тоа Балот во 2014 го носи името ” Желбата, Опсесијата , Престапот “

На Големиот канал

Vanity Fair настанот го нарече ” најпрефинет и уникатен уметнички настан во светот, ” и телевизијата АБЦ го има препорачано меѓу “десетте работи што апсолутно мора да се направат во животот ” – да се посети настанот. Магијата е започната во 1994, кога е одржан првиот, а вешто го создава родената Венецијанка Антонија Саутер, костимографка и стилист позната по костими креирани токму за модата на Серенисимо.

Балот се одржува секоја година во палатата Pisani Моretta на Големиот канал и собира гости од целиот свет кои доаѓаат да ја доживеат магијата на карневалот, која во текот на ноќта ги враќа во времето на Казанова. Антонија Саутер со илузиите направени од слики, бои и звуци и прекриените лица на познати меѓународни изведувачи со маски, ја негуваат традицијата на венецијанскиот карневал во уникатна комбинација од мјузиклот, балетот, операта и драмата.

Duzdev bal 1

Костими од славните филмови

Самото искуство на избор на костими за среќните кои доаѓаат во Дуждовиот Бал е незаборавно искуство. Ателјето на Антонија Саутер има повеќе од 1200 костими, од ерата на Средниот век до 20-тите години од минатиот век , со секое уникатно парче се карактеризира  непогрешлив стил на креаторот, кој ги комбинира историјата, традицијата и модата во секој детал – маски , капи, накит , пердуви , панделки , перики …

Приказна на костимите е базирана на барокот и рококото, кој воодушевува со своите префинети ткаенини, раскошни кринолини, везови од злато, свила во боја … Некои од костумите кои се носеа на оваа престижна забава, се прославиле и на филмското платно, пример  е француската  продукција на биографијата на Вивалди, Принцот од Венеција, во 2006, со Мишел Сераулт во главната улога или познатиот хит на Кјубрик ” Очи широко затворени “…

Професорката од Факултетот за Текстил технологија Нина Резек Вилс објаснува како костимите од овој период се направени од свила и муслин, во пастелни бои со многу панделки, тркала, набори..

Се карактеризираат со “пагода” ракавите, тесни горни делови, раскошни колкови, и нив ги следат високи напудрени перики со пердуви, цвеќиња и мали шапки. И чевлите беа често од истиот материјал – објаснува и вели дека сè треба да биде во стилот на најголемиот сјај и декаденцијата на моќната Венецијанската Република.


Оставете коментар

___