Здолништето од година во година е сè пократко и пократко, деколтето е сè подлабоко, а рекламите сè повеќе изобилуваат со експлицитни слики од голо и разоткриено женско тело и секс сцени. Убедувајќи нè да пробаме и да купиме различни производи и да живееме со одреден стил, стручњаците за маркетинг ни најмалку не се двоумат во секој случај и по секоја цена да не остават со отворена уста. Велат дека е важен впечатокот, а ништо не остава посилен впечаток од женското привлечно тело.
Ѕвездите ширум планетата, а нашите доамшни далку посрамежливо, се впуштаат во рекламирање сè и сешто. Најмногу бираат модни или козметички брендови кои промовираат стил, леснотија, убавина, полни усни, витка половина… Иако многу од тие производи немаат баш многу врска со човечкото (женско) тело, тое е секогаш „ас во ракавот“.
Женското тело генерално е симбол на неверојатна привлечност за апсолутно суте целни групи. Суштината на рекламата е да не ја заборавите, а кога гледате сгодна жена тоа сигурно остава силен впечаток. Покрај тоа, постојат истражувања според кои во моментот кога гледате некоја таква реклама, се чувствувате посреќни, поубави и подоцна кога ќе го видите прозиводот во продавница, го купувате бидејќи сакате повторно да се чувствувате така. А сето тоа е на потсвесно ниво и не можеме свесно да ги контролираме емоциите.
Така досега, многу пати било случај некој да претера, па локалните агенции да ја забранат рекламата.
Една од повпечатливите реклами беше со Памела Андерсон, позната по тоа што секогаш го истакнува своето тело, која во канцеларија одеднаш почнува да се допира со колешката.
Феминистките беа најостри при осудувањето на споменатиот рекламен спот, кој, според нивните зборови ги навредува деловните жени, но и жените воопшто, а додека пак сопствениците на компаниите се повикуваат на тоа дека има многу поексплицитни музички видео клипови.
Рекламата е забранета, но остана прашањето за деградирачката употреба на женската сексуалност во маркетиншки цели.
И додека стручњаците и маркетиншките експерти сметаат дека употребата на сексуалноста, како и прикажувањето на деца, кога целта е продажба, не мора скогаш да биде понижувачки, се поставува прашањето кој ја повлекува границата и кога треба да се реагира. Добриот вкус и пристојноста се нешто на кое не треба да се заборави.

You must be logged in to post a comment Login