Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Спанковци, среќен празник: Денес е светскиот ден на спиењето

Доколку денес не ви се стануваше од кревет за на време да ги извршите вашите школски, работни или семејни обврски, знајте дека имате добар изговор за тоа. Денес на целата планета се обележува “Лесно дишење, мирен сон, здраво тело”, Меѓународниот ден на спиењето.

 umor003

Овој празник е воведен во 2008 година, а се слави првиот петок пред официјалниот почеток на пролетта, односно викендот пред да се помести часовникот еден саат однапред. Иако ви се чини дека е бесмислено да се промовира лежењето во кревет, поентата на Денот на спиењето е во тоа да се обрне внимание на квалитетот на спиењето, но и да се истакнат сите компликации поврзани со него.

Ако се знае дека секоја пета личност во светот спие онолку колку е доволно тогаш овогодинешниот слоган е сосема јасен “Лесно дишење, мирен сон, здраво тело”.

 Hrkanjeee11-670x446

Лесно дишење

Дишењето е автоматска работа која во нормални околности се прави без разлика дали сме будни илиспиеме цврсто. Меѓутоа, ако некој се буди поради вашето прегласно хрчење, често во ноќта се будите со чуство дека се гушите или вашиот партнер забележал дека во сон сте престанале да дишете, време е да се загрижите. Можеби имате апнеа.

Апнеа за време на спиење е сериозна работа кога квалитетот на вашиот сон е сериозно нарушен. Важно е да знаете дека во текот на тие прекини на дишење доаѓа до намален проток на кислород низ вашето тело, а вашето срце трпи огомен терет. Ако е ова случај со вас веднаш побарајте медицинска помош.

Лечењето се однесува на совети за диета, повеќе физичка активност и прилагодување на дозата на лекови која вообичаено ја пиете. Во тешки случаеви можен е и оперативен зафат.

  Slike11

Мирен сон

Квалитетен сон претставува темел на нашето општо здравје, а секој пропуштен саат од осумчасовната доза спиење влијае на следниот дена. Трите клучни фактори на добриот сон се:

Неговото траење – Должината на сонот треба да биде доволна да наредниот ден се чувствувате одморени и способни да ги извршите своите обврски.

Budjenje-670x443

Континуитет – Процесот на самото спиење би требало да произлезе во мир, без будење.

Длабочина – За да ја исполни својата лековита функција, неопходно е да биде доволно длабоки и цврсто. Ако не успевате добро да се наспиете, последиците можат да се одразат на сите сегменти од вашиот живот.

httpv://www.youtube.com/watch?v=AMvyBXOWQOA

Здраво тело

За да имате мирен сон, важно е да сте здрави. Личностите се болни имаат лош сон. Ублажувањето на симптомите на болеста и избегнување на лошите навикидопринесуваат на квалитетниот сон.

Затоа, наместо да се трудите секоја ноќ да спиете што помалкуприфатете дека за вашето здравје и среќа, добриот и квалитетен сон се подеднакво важни како и здравата исхрана и физичка активност.

 San1

Уживајте во тоа што барем вечерва ќе се наспиете како човек!

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement