• Сподели на:

Совети за полесен живот за секоја жена

___

Животот не е секогаш лесен, но за вас пронајдовме неколку совети со кои можете да си го олесните секојдневието. Ова се совети кои ќе ви помогна околу некој работи.

1. За полесно да го вовлечете конецот во иглата, на конецот ставете малку лак за коса за тој да се зацврсти.

2. Ако праќате покани на луѓе кои никогаш порано не дошле кај вас, со поканата пратете им детални упатства и слика од куќата за да можат полесно да ве пронајдат.

3. Кога расклопувате нешто што морате да го поправите, сликнете го секој чекор на расклопување за покасно да ви биде полесно да го составите пак.

4. За медот полесно да се лизне од лажицата, ставете малку масло на неа.

5. За да немате проблем со вадењето на пластичните ракавици од рацете, пред да ги извадите ракавиците ставете ги рацете во ладна вода.

6. За да ги одстраните дамките на кондурите кој настанале од вода, во една шоља со вода ставете една лажица оцет и со крпа истријте ја флеката.

7. Ако не можете да го откопчате шлицотот што ви се заглавил, земете графитен молив и со врвот тријте по патентот.

8. За да не ви се замаглуваат огледалата во тоалетот секогаш кога се туширате, на нив ставете пена за бричење а потоа избришете ги со мека крпа.

9. Ако на чашата ви се појават гребаница, отстранети ги така што со каладонт ќе ги истриете оштетените делови.

10. За да го отстраните мирисот на лук од рацете, тријте ги рацете од некоја лимена површина или истријте ги со лимонов сок.

 


Оставете коментар

___