Секоја жена знае дека сепак таа ќе биде онаа која ќе подготви сè што е неопходно за оваа машка работа наречена скара.
Пред нас е совршен пролетен ден и вистинска штета е да го поминете дома. Доколку сте одлучиле денот да го поминете во природа со пријателите, приказната за скарата се наметнува како сосем нормална работа.
Во таквите моменти, моците се тие кои ја покренуваат целата приказна, а жените малку се воздржани. Зошто? Затоа што на крајот сè се сведува на исто: момвите се фалат тие подготвиле и организирале сè, а всушност жените се тие кои го подготвиле месото, ги спакувале чиниите и приборот за јадење, ја поставуваат масата во „природа“, го собираат ѓубрето и ги прзнат пивските шишиња, ги прибираат и ги анимираат малите деца, итн…
Но од вашите мажи најверојатно ќе ја слупнете следнава реченица: „Ајде што ти фали, јас ќе ја подготвам скарата, барем денес нема потреба да се грижиш за храна!”
Доколку сепак се согласите заради овие или оние работи кои одат заедно со скрата, еве ние барем да ви направиме список за што сè ќе ви треба за тој „машки ручек“.
Нарачајте месо
Многу е важно на време да нарачате месо и тоа од месарата каде пто често одите и каде што ве знаат. Барем три пати прашајте ја вашата посилна половина колку луѓе навистина ќе дојдат. А дури потоа пресметајте колку месо ќе ви треба. Најдобро е да нарачате разновидно месо, бидејќи не сакаат сите само пилешки крилца.
Како да го маринирате месото?
Најдобро е месото да го купите еден ден порано и да го оставите во маринада цела вечер. Маринада може да направите многу лесно: ставете малку масло, сол, бибер, вегета (само внимавајте да не пресолите), „трошка“ суви зачини (рузмарин или босилек), две-три чешниња лук и малку соја сос кој дополнително ќе го омекне месото.
Одлично решение е месото да го маринирате во чиниите во кој ќе се носи на скара и немојте ни да го вадите до самото печење.
Спакувајте ги работите
Важно е да земете прибор за јадење (по можност прибор за едан употреба, сигурно не ви треба да ги миете масните вилушки и ножеви на сред ливада, со ладна вода), некој вид маса (може и некоја постара маса, не сте во холивудски филм, не мора сè да биде совршено), салфети (разни марамчиња, влажни, хартиени, памулни, итн.), чинии за печеното месо и за салати, пластчни чаши, топки, топчиња, бадминтон, карти и неколку ќебенца кои ќе ги потелете на тревата за лежење…
Направете ги салатите и останатите „прилози“
Покрај кечап, мајонез, сенф и останати прилози кон јадењето, добро е да земете и една чинија сирење, многу свеш зеленчук и по можност некоја солена пита. Имате предвид дека мажите прават скара и дека со сигурност од тоа ќе направат цела наука, па таа наука ќе се развлече неколку часа, а вие како и остатокот од екипата ќе „скапете“ од глад, особено поради мирисите кои ќе се шират на сите страни.
Не заборавајте да земете и овошје, како и некој десерт бидејќи тој ручек сепак треба да заврши со нешто слатко, зар не?!
Пијалок
Овој дел може слободно да му го препуштите на вашиот човек, тој најдобро го знае капацитетот на неговите другари. Тој исто така знае кој од нив што пие. Ваше е само да го потсетите неколку пати да купи сокови (газирании негазирани), како и вода. Секако, мора и неколу пати да го потсетите дека е крајно време да оди во продавница да го купи пијалокот и дека не доаѓа во обзир да купува по пат!
Јаглен за скара и останата „апаратура“
Јаглен за скара може да најдете во специјализирани продавници, па затоа е добро да го купите на време. Останатиот прибор ќе го земе вашиот маж, но добро е да знаете дека без „решетка за печење“ не може, па ако видите дека не ја пакува, па што да ви кажеме – нема да ви биде лесно… Важно е да имате една голема вилушка за вртење на месото, како и штипка за месо.
И горе-долу тоа е сè! Тргнете на време бидејќи допрва ве чека агонијата околу наоѓањето „идеално место“. Најважно е да се опуштите, да го исклучите мобилниот телефон и сите слики да ги запомните во вашата глава (тука сепак повеќе ќе се задржат отколку на некои уреди)! Уживајте!




You must be logged in to post a comment Login