Запомнете дека околу 70 проценти од површината на масата треба да биде празна. Воведете правило дека на полицата не смеат да стојат повеќе од три предмети кои не се книги.
За полесно да можете да го одржувате својот дом, ви нудиме неколку трикови.
Подарете го вишокот на мебел
Ако не сте во состојба да го подарите вишокот мебел веднаш штом купите нов, вашата дневна соба наскоро ќе биде хаос. Клучните елементи на удобна дневна соба се : удобна софа, удобна фотеља и две столчиња – помали, кои ќе стојат од страна на софата, и поголемо класично клуб столче пред нејзе. Со тоа е неопходна и една солидна полица за книги.
Расчистете се од масата
Или скоро се! Запомнете дека правилото е околу 70 проценти од површината на масата да биде празна. Или дури и 75 проценти. Сите ситници кои би можеле да заземат дела од тој простор треба да најдат место во фиоките или на полица.
Поврзете ги ситниците во целина
Никој не кажува дека морате да се откажете од ситниците. Важно е да можат да бидат лесно тргнати и вратени при чистење, па затоа е одлична идеја да ги споите во целина. Ставете ги на пример на еден голем послужавник и така ќе биде лесно да се тргнат секогаш кога има потреба.
Маки со далечинскиот управувач
Еден е за телевизор, друг за сателистска, па двд, клима… Ставете ги сите во една фина елегантна кутија која ќе изгледа како најубав украс а со тоа и ќе ги заштитите од прашина.
Правило број 3
Воведете правило дека на полиците не смеат да стојат повеќе од три предмети кои не се книги. Колку и да звучи тоа бизарно, сите оние кои поминуваат саати бришејќи прашина од огромниот број ситници знаат каква мака тоа претставува. Затоа на полиците чувајте книги, а ако имате и некои ситници, нека бидат максимално три. А и уште едно правило : потрудете се сите ситници да бидат во слична боја. Тоа ќе го намалите впечатокот на хаос.
Бидете уредник на фотографии
Ако сакате да имате фотографии од своите најблиски, немојте да дозволите да полиците и масичките да се претворат во албум кој чека укоричување. Затоа фотографиите треба да бидат во рамка и на безбедно. Исто така добро е да бидат групирани и во рамки со слични бои.
Кутија за играчки не е решение
Всушност, потребни ви се повеќе кутии. Сите сме биле сведоци барем еднаш на потрага на омиленото камионче, по која сме пронашле уште безброј други автомобличиња, топчиња… Затоа најдобро е да имате три или четири кутии во кои и самото дете ќе може да ги собира лесно и да ги враќа на место. Тоа секако не значи дека детето ќе ги сортира и дека треба токму баш во истите кутии, но барем ќе знаете дека е во некоја од тие кутии. И тоа почесто отколку што мислите.





You must be logged in to post a comment Login