• Сподели на:

Сите сперматозоиди не се исти

___

При оплодувањето на јајце клетката познато е дека најбрзиот сперматозоид е и најдобар, затоа што дури и сперматозоидите кои потекнуваат од ист маж имаат големи генетски разлики, открија научниците од Универзитетот Стенфорд кои анализирале колу 100 сперматозоиди од спермата на еден маж.

Истражувачите утврдиле дека секој сперматозоид е поинаков затоа што генетскиот материјал во него е измешан.

Секоја од тестираните сперми имала во просек околу 23 рекомбинации, додека пак сперматозоидите во истиот примерок од 40-годишен маж со две деца имале помеѓу 25 и 36 нови мутации, кои не можат да се видат во другите клетки, а кај два сперматозоиди недостасуваа цели хромозоми, протеини кои ги пренесуваат генетските карактеристики на клетките.

„Случајните мутации создаваат генетска разновидност, но тие може да бидат и многу штетни ако се појават на различни места“, изјави водачот на истражувањето, професорот Бери Бер.

Бер објасни како по прв пат може да се направат мапи на рекомбинираните гени, како и брзината на нивната мутација кај поединците. Тоа ќе овозможи рано воочување на генетските проблеми на фетусот, но дури може да овозможи и да се влијае на тоа што родителите сакаат детето да наследи од нив, пишува Daily Mail.


Оставете коментар

___