Убедувајќи се сами себе и сите околу нас дека е се во ред, кога тоа всушност не е вистина, може да ја влоши ситуацијата. Ви носиме неколку знаци кои асоцираат на скршено срце.
Иако си потвторувате дека е се во ред, постојат знаци кои го зборуваат спротивното. Доколку ти се случи ситуација во која си заљубена во некого кој не ги има истите чувства за тебе, сигурно не е лесно. Но, убедувањето сами себе и сите околу вас дека е се во ред, може да ја влоши ситуацијата. Еве неколку знаци за скршено срце:
- Депресија
Состојба во која се чувствувате осамени и мислите дека цел живот ќе останете сами и ќе патите.
- Изолација
Ништо веќе не ве интересира, дури ни дружењето со пријателите, кои претходно ги обожававте. Исто така, одеднаш чувствувате дека никој не ве разбира.
- Умор
Стресот ве прави уморни, па повеќе немате сила за ништо.
- Апетит
Ви се гади и од самата помисла на храна, а вагата покажува се помалку килограми.
- Опсесија
Овде пред се мислиме на проверувањето на мобилен телефон, социјалните мрежи и електронската пошта, само како би провериле дали случајно ви се јавил.
- Анализирање
Доколку се приметите дека поминувате часови во анализирање на неговите зборови и дела, пред и после раскинувањето, тоа е јасен знак дека имате проблем.
- Несоница
Луѓето кои патат имаат уште еден заеднички проблем, а тоа не неспиењето. Несоницата може да предизвика голем проблем и затоа е времеда се “разбудите“.
П.С. Никогаш не заборавајте дека не е срамно доколку побарате помош од блика личност!

You must be logged in to post a comment Login