• Сподели на:

Сигурни знаци кои покажуваат дека сте влегле во средните години

___

Читањето порака на мобилен телефон ви станува напорно, почнувате да зборите за вашиот изглед, но и да сфаќате дека секоја приказна има две страни.

Средната дба не е само бројна перспектива, туку и состојба на умот. Некои луѓе со 50 години се осеќаат помладо и од оние на 35, па како тогаш знаете дека сте во средна доба?

Просечна личност верува дека младоста завршува со 35 години, и дека староста започнува на 58 години. Според тоа средната доба трае 23 годин.

Можеби најдобри показатели се начините на кои се однесувате и на кои размислувате. Ова се некои од знаците кои можат да кажат дека можеби сте во таа доба:

– Читањето порака на мобилен телефон ви е премногу напорно, а фонтот е ситен и матен.

– Влакната почнуваат да ви растат насекаде – од носот, на лицето па дури и од ушите.

– Во кревет одите во осум навечер, но ви треба саат време да заспиете.

– Многу почнувате да зборите за вашиот изглед.

– Стално осеќате некои мали болки и тегоби.

– Опседнати сте со сопственото здравје.

– Почнувате да гледате преку работ на наочарите.

– Се почесто почнувате да уживате во попладневниот одмор

– Се повеќе наликувате и звучите на својата мајка или татко

– Почнувате да сфаќате дека секоја приказна има две страни

– Се потешко ви е да ги симнете килограмите

– Повеќе не ви е грижа што другите мислат за вас и се осеќате пријатно во својата кожа.

– Музичките спотови и телевизиските емисии ви се претерано сескуализирани.

– Повеќе не знаете ни една песна која се врти на радио.

– Градинарството станува ваша професија

– Се на вашето тело почнува да се движи во јужна насока.

– Бешиката почнува да попушта.

– Подобро ќе се прошетате рано наутро во недела, отколку да легнете касно.


Оставете коментар

___