Капење во топлес или потполн нудизам, шетање по плажа која завршува во море, вечера во прегратки на некој странец или спонтана одлука за тетовирање се типични однесување за летување – покажала студијата на британската интернет страница hotels.com, спроведена на 2000 луѓе.
Според студијата, околу 60 проценти од луѓето на море се однесуваат како што никогаш не би им паднало на памет дома, работата е дека се впуштаат во адреналинска авантура или околу спонтаноста и откаченото однесување со други луѓе. Се случува и неженетите да се вратат со бурма, луѓ да се повредат тешко поради лоши скокови или слично, а некои го пребродуваат и стравот од висина скокајки со падобран или банџи.
Студијата покажала дека околу 20 проценти од луѓето би отишле на журка кај потполно непозната особа, од тие 25 проценти би се сончале топлес, 10 проценти би направиле тетоважа или пирсинг, додека 6 проценти напразно би се одлучиле на брак. Има нешто во тој морски воздух, така да внимавајте.

You must be logged in to post a comment Login