• Сподели на:

Што може да го расплаче вашиот хороскопски знак?

___

Бикот го расплакува неостварена љубовна романса, Близнаците ако нешто им е ускратено, а Рибите ако гледаат романтичен љубовен филм.

 

Овен

Многу сте суетни и емотивни, па може многу да ве повреди ако личноста која ви значи и за која сте подготвени се да направите ве излаже, изневери или повреди. Тогаш плачете зошто сте немоќни да се осветите бидејќи уште ја сакате. Исто така сте чувсвителни на деца, па било кој облик на насилство над нив предизвикува во вас страшен отпор и тага, посебно ако неможете ништо да направите за да им помогнете.

Бик

 Сите мислат дека сте практични, цврсто стоите на земја и ништо неможе да ве помести, што воглавно е точно. Ама, ако почне да ве прогонува сеќавањето на незаборавната љубовна романса која неможела да се оствари, солзите сами почнуваат да ви течат низ лицето. Патите во тишина со омилената музика и пијалок кој некогаш заедно сте го пиеле, не се јавувате на телефон, се додека некако сами со себе не ја пребродие тагата, иако знаете дека тоа е невозможно.

Близнаци

Обично плачете кога нешто ви е скратено, а немоќни сте да било што превземете. Поради вашата каприциозна и хировита природа во состојба сте да се расплачете за работи, кои другите околу вас ги сметаат за небитно. Недостаток на љубезност и почит кон постари лица и недостаток на грижа кон нив може да ве растажи затоа што, на некој начин, нивното трето доба вие можете најдобро да го разберете.

Рак

Заради нагласната суета во состојба сте да се расплачете и во големо друштво, кога некој ќе ве повреди, па неможете да зборувате онака како што сте навикнале или како вие би сакале. Меѓутоа, ако некој од вашите најблиски е болен или му е потребана помош ќе ја ангажирате цела фамилија, ќе ги известите сите за кои мислите дека можат да помогнат, ама вам ќе ви биде најтешко да се ангажирате околу таа личност.

Лав

Болест или лоша здравствена состојба на близок член на фамилијата или ситуација во која неможете да го заштитите своето семејство може да ве донесе до очај, па имате чувство како да ви се врзани рацете. Агресивно однесување, посебно спрема децата и животните може многу да ве растажи. Можеби нема да плачете на јавно место ама сигурно нема да ви биде лесно да ги задржите солзите бидејќи сте многу осетливи на патењето на беспомошните и незаштитените.

Девица

Кога ви е повредено егото тоа многу тешко ви паѓа, меѓутоа почесто ве расплакува судбината на другите отколку сопствената. Посебно сте чувствителни на стари и беспомошни лица, па посета на старечки дом може да ве дотолчи. Кога во некоја грмушка ќе видите мало напуштено маче или куче, цело тело ве турка кон тоа мило суштество со поглед кој вели: „Зошто не ме земес?”

Вага

Иако умеете емотивно многу бурно да изреагирате, не е лесно да ве расплачат зошто по природа сте воздржани.Се згрозувате од сцени на јавни места или изразување емоции пред други, а саканата личност може да ве повреди ако ве изневерува и лаже. Кога ќе дојдете дома, ја тргате маската на ноншалантност и шарм и плачете до изнемоштување, со главата пикнати во перница и се заколкувате пред себе дека нема никому повеќе да дозволите така да ве изигра.

Шкорпија

Можете да се расплачете кога вистински сте трогнати од некој значаен настан, свечен прием, свадба, венчавање, раѓање или крштевање на дете, нешто што ќе ви допре до дното на душата.  Ако сте импресионирани од успесите на вашите пријатели или најблиски за кои вие сте допринеле, може многу тешко да ви падне ако таа личност ве излаже или разочара.

Стрелец

Ви доаѓа да се расплачете од мака кога ќе останете без пари, зошто тогаш ве фаќа паника заради неповолната финансиска ситуација во која едноставно сте немоќни, а вие не го сакате чувството на немоќ и сиромаштија. Ве погодува неправдата спрема други луѓе, луѓе низ светот кои страдаат заради болест, немаштија, природни катастрофи и слично, додека други профитираат на нивната мака

Jарец

Со носталгија ги листате семејните албуми со стари фотографии и ве обзема необјаснива меланхолија која само ги најавува солзите кои само што не потекле.  Го затворате албумот и отварате дрвена кутија со украси во која сеуште чувате нечии љубовни писма. Ако сте млади, ги прелистувате пораките од мобилниот или мејловите кои сте ги добиле од некој што сте го сакале , а сега живее во друга држава.

Водолија

Главно плачете кога ќе „паднете во јама која сами сте си ја ископале”, најчесто заради партнерот кој ве оставил зошто сте му ветиле „кули и градови”, а ништо не сте исполниле.  Сепак, вашиот конструктивен мозок работи триста на саат и смислува како да ги запрете солзите. И пријателите ако ве изневерат може да ве растажи како и човечката бесчувствителност, вести за оставени бебиња, злоставувани деца, бегалци и хуманитарни катастрофи.

Риби

Припаѓате на еден од најосетливите и најсуетните знаци, па лесно е да ве расплакаат, посебно ако се осетите изневерено и изманипулирано од личност која ја сакате. Солзите лесно ви потекуваат и кога гледате романтичен љубовен филм, а може даве погоди и кога ќе слушнете како некој малтретира животни, кои никому ништо не сториле. За да се заштитите, сакате да побегнете од таквата стварност и почнувате да фантазирате или патувате.


Оставете коментар

___