• Сподели на:

Што конечно сфаќаме по дваесеттите години

___

Искуството нѐ учи помалку да се нервираме а повеќе да уживаме, да се цениме себеси и саканите, и кои работи се правилни а кои погрешни. Некои работи кога-тогаш ќе ги разбереме и сфатиме. Во суштина тоа е најчесто во дваесеттите години или доцните дваесетти. Еве што нѐ научи искуството:

Вистинските пријатели ќе бидат тука за вас и кога животните промени (како родителство, нова работа) ќе ве променат и ќе ја ценат вашата промена.

Пиењето премногу кофеин не е ваш најголем проблем.

Личноста која често погрешно ги сфаќа добрите намери очигледно и самата нема добри намери.

Стремежот за совршенство е погрешен и преценет.

Можно е вашиот животен пат да ве повика на голема промена, и тоа е во ред затоа што во текот на таа потрага ќе истражувате, менувате, учите, развивате и созревате.

Нерешената вина може да биде многу поболна од скршено срце.

Ако имате потреба да ги лажете за некоја работа своите најмили, размислете дали воопшто треба да ја направите таа работа.

Родителите не можат да ги решат сите наши проблеми, но сеуште се извор на драгоцени корисни совети.

Оптимизмот е моќна работа.

Фејсбук ќе ги открие сите ваши нарцистички тенденции. Проверете се себеси и престанете толку често да го проверувате Фејсбук профилот.

Биди љубезен кон странците, тоа е добро за душата.

Не припаѓајте на оние жени кои се здебелуваат за да ги зголемат градите. Престанете да се обидувате.

Кога ќе научите да ги прифатите промените, среќните спомени ќе ве направат вистински среќни, а нема да бидат само потцетници за среќни времиња.

Вашата постара сестра или брат во текот на целиот ваш живот ќе ви бидат идоли.

Никогаш немојте да станете нечија тајна. Заслужувате многу подобро.

Само неколку минути танцување може да го поправи тагата, без разлика дали сте во диско клуб, автомобил или дневна соба.


Оставете коментар

___