Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Што кажува вашата боја на очи за вас?

Се зборува дека очите се огледало на душата. Можат ли они да откријат повеќе за вас и за вашиот карактер? Спроеведени се бројни истражување кои покажале дека очите навистина може да кажат повеќе.

Овде на кратко ќе би прикажеме што зборуваат вашата боја и облик на очи за вас. Секако, тоа можете да го искористите и за запознавање на својата љубов, додека се восхитувате на неговите пребуави очи.

Close-Up-colored-eye

БОЈА НА ОЧИ

Сиви очи

Често вас ве сметаат за озбилни и рационални. Тешко е да ве прочитаат. Не дозволувте другите да ги видат вашите вистински емоции. Верувате дека вашето расположение е ваша приватна работа. Гледате логично на работите. Не судите за нешто се додека не ги соберете сите информации. Сигурни сте во она што го знаете и немате проблем при одбрана на своите верувања.

Плави очи

Ве сметаат за мирна особа. Луѓето се воодушевуваат од вашата стабилност. Не дозволувате на другите луѓе да ве видат како се препотувате. Всушност, ни самите не си го дозволувате тоа.  Благи сте и толерантни. Можете мирно да ја процените секоја ситуација, без разлика колку е добра или лоша. Не сте темпераменти и тешко е да ве налутат. Полесно ќе продолжите напред, одколку некому нешто да замерите.

Зелени очи

Вие сте уметничка душа и имате многу добра перцепција. Луѓето се одушевуваат од вашите оригинални идеи. Не дозволувате на другите да видат колку се трудите да бидете креативни. Се чини дека тоа го остварувате без напор. Многу сте амбициозни и понекогаш немилосрдни. Вие сте одлучни да го добиете тоа што го посакувате. Во состојба сте да прегазите се пред себе, за да стигнете на врвот, а при тоа сте толку шармантни, што никој тоа не го приметува тоа.

Лешник боја

Вие сте пријателски раположена и лесно достапна личност. Многу лесно се поврзувате со луѓето. Не дозволувате другите да ја видат вашата лутина, а се трудите негативното да го задржите за себе. Уживате во друштво и секогаш сте среќни кога сте со пријателите. Другите ве инспирираат и го збогатуваат вашиот живот. Вие сте навистина отворена личност.

Смеѓа боја

Ве сметаат за доста паметни, но не покажувате премногу почит према другите. Вие го кажувате своето мислење и луѓето ве ценат поради тоа. Не дозволувате другите да ја видат вашата несигурност. Сакате да се преставувате како храбра личност. Брзи сте и бистри. Вие сте први кој ќе дофрлат коментар или шега. Во кризни ситуации размислувате јасно и одлично ги решавате проблемите.

ОБЛИК НА ОЧИТЕ

Нееднакво растојание помеѓу очите

Поединците со овој карактеристичен облик на очи се способни да ги видат работите од друга перспектива. Они се генијални и обожаваат да ги анализираат работите. Со други зборови, они нудат единствен поглед на многу работи.

Еднакво растојание помеѓу очите

Личностите кај кои просторот помеѓу очите е еднаков, имаат избалансиран и јасен поглед на светот.

Блиску поставени очи

Личностите кои имаат блиску поставени очи изгледаат драматично. Тие воопшто немаат отворено мислење за светот. Затоа имаат тенденција да станат претерано зависни од другите и не се носат добро со стресот.

Длабоко поставени очи

Овој облик на очи, претставува интезивна, посесивна но и внимателна личност. Луѓето со длабоко поставени очи се идеалисти, креативни и романтични до срж.

Коси очи

Постојат два типа на коси очи.

Ако очите се закосени нагоре ( “мачкасти” очи ) : овие личности ќе сторат се за да го добијат тоа што го посакуваат.
Ако очите се закосени надоле : овие личности имаат ниско мислење за себе, и може да бидат препуштени на милост и немилост на другите. Скоро и да не се во состојба да кажат не.

Уште неколку напомени

Покојната принцеза Дајана и Мајкл Џексон имаа иста карактеристика на очи. Нивната шареница “лебди” околу окото, односно се гледа белоочницата под шареницата. Тоа укажува на внатрешни турбуленции – личност која е во конфликт со светот. Иако се духовни по природа, тешко е да им угодите или да ги разберете, и имаат големи очекувања од другите. Мартин Лутер Кинг и Абрахам Линколн исто така имале вакви очи.

Што се открива погледот?

Погледот и истажувањето на очите не е нешто што можете лесно да го научите, но не се потребни долги години искуство за да го научите тоа. Всушност сите ние помалку или повеќе инстиктивно го знаеме тоа.

Личностите кои не можат да ве погледнат директно во очи, пробуваат да ги маскираат своите намери. Понекогаш и срамежливите и обесхрабрените се однесуваат исто така. Во тие случаи, погледот е важен фактор кој ќе ви помогне да направите разлика помеѓу нив.

Што открива погледот? Некои погледи се ладни, други се лути, слаби или јаки. Погледот може да го промени изгледот и привлечноста на целото лице. Секогаш проценувајте го карактерот спрема изгледот и очите кои се претставуваат пред вас.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...