Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Што говори за вас положбата во која спиете?

Забележете во која положба спиете и проверете што таа кажува за вас…

Фетус

Луѓето кои спијат склопчени во положба на неродено бебе, се најчесто луѓе кои изгледаат силно однадвор но имаат многу меко срце. Често, се срамежливи во друштво кое не го познаваат, но кога еднаш ќе се опуштат тие личности се едни од најзабавните.

Клада

Ова е положбата кога лежите на страна, а двете раце се испружени паралелно до телото. Луѓето кои спијат во оваа положба се весели, опуштени, секогаш дел од големо друштво и склони да им веруваат на луѓе кои малку или воопшто не ги познаваат но поради ова често и страдаат.

Емотивец

Луѓето кои спијат на страна со двете раце подадени пред себе најчесто се луѓе со отворен ум и приспособлив карактер, но истовремено знаат да бидат и ирончни, конфликтно настроени и сомничави.

Овие луѓе многу тешко носат одлуки, но кога еднаш ќе донесат повеќе никогаш нема да се премислат.

Војник

Се верува дека овие личности се неверојатно тивки, повлечени и резервирани кон околината. Не сакаат гужви, а за себе и блиските поставуваат високи стандарди.

Слободен пад

Позиција кога лежите на стомак а вашите раце се околу или под перницата а главата е зафрлена на страна. Овие луѓе се едни од најдруштвените, но и луѓе кои имаат најголем внатрешен немир. Не поднесуваат критики, не знаат да се справат со екстремни ситуации и најчесто се нервозни и чуствителни.

Морска ѕвезда

Луѓето кои спијат на грб, а рацете се подигнати над перницата или под главата се многу добри пријатели, бидејќи секогаш знаат да ги сослушаат другите и да им понудат помош кога е потребно.

Скромни се и не уживаат кога се во центар на вниманието.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...