• Сподели на:

Шкорпиите се зависници од секс, а рибите од апчиња…

___

Иако, зависностите и склоноста кон пороци е комплексна работа и е надвор од опсегот на Зодијакот, сепак некои Хороскопски знаци се поотпорни и полесно се спротивставуваат на искушенијата.

Алкохолот, дрогата, цигарите, сите нас, не мамат од раните денови. Но зависностите не се ограничени само на тоа, и ние можеме да бидеме зависници од секс, работа, итн…

Прочитајте кои  се “слабостите” на вашиот Хороскопски знак.

Овен

Тој е индивидуалец кој брзо донесува одлуки и со кој владее оганот, па пушењето и алкохолот се неговите големи искушенија и опасности. Откако Овенот ќе стане зависен од нешто многу му е тешко да запре, бидејќи тоа е многу тврдоглав и инатлив знак. Овните веруваат дека алкохолот или апчињате го ублажуваат стресот, а ако се пушачи, често мислат дека преку овој чин се гламурозни.

Бик

Се работи за многу стабилен знак, но не толку само-свесен кога станува збор за прекумерната конзумација на храна и пијалоци. Биковите ги уживаат во сите сензуални задоволства, а сексуалната фрустрација често ги тера да консумираат алкохол или да имаат деструктивно однесување. Голем дел од Биковите често имаат проблеми со тежината, а некои ќе имаат проблеми со ТВ опсесијата. Оние кои се чувствуваат виновни за нешто што можат да се претворат во работохоличари .

Близнаци

Близнаци е знак на променливо расположение, кој често употребува методи  на само-помош што доведува до нови зависности. Заради фактот дека се работи за воздушен знак, особено се склони кон пушењето. Тие често се зависници од адреналин и ја обожаваат возбудата на сексуалнитеодноси, но љубовниците брзо им досадуваат. Главно затоа и се отпорни од зависноста од секс. Тие се многу креативни и може да стане зависници од работа, и генерално, тие се во опасност и од зависноста од интернет.

Рак

Со овој Хороскопски знак владее Месечината, што го прави жртва на сопственото расположение. Не е невообичаено за раковите, да се обидат да го променат расположението со злоупотреба на рецепти за апчиња или алкохол. Кога раковите се лути , склони се кон потиснување на овие чувства со помош на храна, а со цел да останат тенки , често ќе се фатат за цигари.

Лав

Лавовите мислат дека се бесмртни и ќе посегнат по секој можен порок, кој може да се замисли, вклучувајќи  коцкање, алкохол, неверство, пушење… Овој знак сака да претера во сè и со голем ентузијазам! Лесно е да ги излажете со комплименти, а нивната лојалност во врската може да биде голем проблем. Постојано бараат внимание со цел да се чувствуваат емоционално стабилни и нема да се двоумат да бараат врска, ако не се задоволни од постоечката.

Девица

Напнататите и укочени Девици се најголемите работохоличари на зодијакот. Склони се да станат опсесивно компулсивни и многу се вознемируваат ако работите не се онака како што тие очекуваат. Таквиот став може да ги доведе во алкохолизам и конзумација на средства за смирување . Тие, исто така може да биде манјаци кога станува збор за вежбање. Многу од членовите на овој знак , попрво ќе пушат отколку да добијат на тежина, бидејќи ја презираат прекумерната тежина. Сметаат дека дебелите луѓе се мрзливи.

Вага

Членовите на овој знак се идеалисти, а кога работите не се онакви како што замислиле, имаат тенденција да се свртат кон дрогата и алкохолот само за да бидат далеку од она што го сметаат за ” грда реалност”. Овие мајстори  на бегањето, исто така, не се чувствуваат удобно со обврските и за да ги избегнат нив, можат да станат зависници од флертувањето , швалерисувањето или промискуитетот. Причината лежи во фактот дека тие попрво би го одбиле некого пред тие самите да се одбиени. Вагата може да стане зависник и од вежбање, во обид да ги загуби килограмите може да претера и да стане зависник од цигари.

Шкорпија

Сексуална зависност на Шкорпиите обично вклучува зависност од порнографија и тоа често им создава проблем . Тие навистина уживаат во сите пороци кои ги придружуваат во нивната сексуалната активност, вклучувајќи алкохол, трошат премногу пари на облека и скапи ресторани , па дури е можно и запаѓање во долгови само за да импресионираат. Презираат луѓе кои не изгледаат модерно и често ќе станат зависници од пушење само за да изгледаат слаби и убави.

Стрелец

Овие љубопитни индивидуалци може да биде толку опседнати со страста кон Патувањата, а се способни да трошат илјадници на одмор кој не можат да си го дозволат. По природа се немирни, а неверството и зависноста од секс често се нивниот проблем. Ова е еден од знаците кои себеси се сметаат за бесмртни, па не ретко ќе го видите Стрелец како пуши, пие или си прави лоши работи на своето тело, затоа што има чувство дека секогаш може да се излекува. За жал, тоа често го прави зависен.

Јарец

Ова е знак со напнат карактер, кој е многу поотпорен од зависности од останатите Хороскопски знаци. Јареците се многу самосвесни кога станува збор за нивното тело и можат да станат зависници од вежбање. Многу членови знаат да страдаат од анорексија или булимија, во обидот да се останат убави и слаби. Опседнатоста со слабеењето, исто така, може да ги направи зависни од цигари.

Водолија

Овој знак сака да доживее нови начини на размислување и поинаква перцепција на светот околу себе и е многу веројатно да експериментира со дрога. Водолијата може да стане опседната со активизам, љубовта кон домашните миленици и вегетаријанството. Неотпорна е, и за разлика од дугите знаци, и ако стане зависник е многу тешко да се врати во нормална состојба од лудилото што го обзема.

Риби

Рибите се воден знак и заради тоа тешко ќе се спротивстават на пиењето, а многу често причина за зависноста ја наоѓаат во романсите и љубовните проблеми. Тие ќе пијат алкохол за да заборават на болката што е предизвикана од пропаднатата врска, а со оглед  дека се работи за многу чувствителен карактер – многу работи ги доживуваат болно. Лековите против болки и лековите за смирување често ќе бидат во нивните раце , барајќи кратко бегство од реалноста.


Оставете коментар

___