• Сподели на:

Секојдневие: Како да го направите поубаво

___

Денот е понекогаш премногу краток. Немаме декогаш време за се што сакаме да направиме, но за некои работи мораме да го најдеме тоа драгоцено време.

Животот би требало да биде едно забавно патување, а за да го направите таков, овие работи правете ги секој ден.

Пронајдете нешто што ве прави среќни

Една од најважните работи кои треба да ги направите секој ден е да се фокусирате на работите кои ве прават среќни. Гледање серии, шетање, разговор, изборот е на вас.

Листа на обврски

Составете ја листата на обврски навечер. Така ќе се чувствувате попријатно и посигурно.

Вежбање

Чувството после напорниот тренинг е неверојатно и моментално го подигнува расположувањето и самодовербата. Добрата вест е дека за тоа не вие потребна теретана, туку можете да вежбата и дома, а и убавото време е тука, па имате повеќе можности – ролери, шетање, велосипед…

Пробајте нешто ново

Ви се здосади од секојдневието? Многу лесно можете да го промените тоа со мали промени на дневна база- изберете друг пат до работа, испробајте нови рецепти, отидете во театар наместо во кино… Рутината понекогаш може да биде лоша но и досадна. Зошто не пробате нешто ново?


Оставете коментар

___