Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Секоја жена мора да ги знае овие 30 животни лекции

Секоја од овие 30 ставки ќе покажат колку сте зрели и што сте научиле од своите претходни искуства. Понекогаш тоа се многу едноставни работи, но сепак се многу важни во поедини моменти. Еве ги тие лекции кои секоја жена мора да ги знае.

  1. Да побара помош кога и е потребна. (иако сте супер жена, не морате да работите се сама)
  2. Како самата да ги прегледа своите гради. (и тоа редовно да го прави)
  3. Да промени гума на автомобилот. (или бар да има телефонски број од некој кој што ќе го направи тоа за неа)
  4. Знае што треба да направи доколку и се наводени мобилниот телефон.
  5. Знае да каже “не” на елегантен и прикладен начин, без да некој се сомнева дали таа навистина така и мислела.
  6. Знае да каже искрено извини.
  7. Знае како да го пронајде излезот ( од лоша врска, пријателство, на работа или слично).
  8. Да се гризне за јазик кога е тоа потребно.
  9. Да преговара за зголемување на платата кога ќе и се прикаже прилика.
  10. Да изгугла се за особата со кја има состанок (работен, а и романтичен).
  11. Да избере сама свежо овошје.
  12. Да спреми и сервира здрав и вкусен оброк за себе и за уште еден гостин кој доаѓа на вечера.
  13. Да ги исфрли сите непотребни работи од ташната (и од плакарот).
  14. Да се јави на некој за состанок.
  15. Да започне разговор со нормални прашања на кои не се очекува одговор “да” или “не”.
  16. Да го заврши разговорот кога е потребно да го прекине, на суптилен и ефикасен начин.
  17. Знае да запакува поклон така да некој едвај чека да види што е внатре.
  18. Да умее да држи бебе (дури и ако не планира во скоро)
  19. Да ја прикрие лошата фризура.
  20. Знае да организира и резервира патување за одмор.
  21. Да понуди помош на оние кои им е неопходна.
  22. Знае да се облече според својата градба.
  23. Знае да отвори шише шампањ.
  24. Умее да ја постави масата на интересен начин без оглед на тоа колку е едноставно јадењето кое се сервира.
  25. Умее искрено да се заблагодари без оглед на тоа дали го прави лично или со порака.
  26. Знае достоинствено да раскине – да го стори тоа лично, да скокне директно на раскинувањето, да го одбере добриот момент, да предложи разумно објаснување и да одговори на сите логични прашања кои и следат.
  27. Да научи дека добро изгледа на фотографија.
  28. Да знае да испие одговорно алкохол без мамурлак за следното утро.
  29. Да умее да направи макар барем еден добар коктел – покрај добриот утисок на еден посебен гостин или повеќе од нив., тоа знае и да го крене расположението на тажната другарка.
  30. Ја знае правата вредност на парите – не очекува дека за 10 евра ќе купи удобна и квалитетна облека, но знае дека од нив може да направи добар ручек или да избере прав поклон за себе или за драгата личност.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement